top of page
Writer's pictureinfoislam

На Аллах немој да му припишувате рамен!

Се пренесува од Муаз ибн Џебел (радијАллаху анху) дека рекол:

„Ме порача Аллаховиот Пратеник со десет зборови, а тоа се: „При обожувањето немој да му придружуваш ништо на Аллах (не му чини ширк!), па дури и ако бидеш убиен или изгорен!; и никако немој да бидеш непослушен спрема родителите твои, па дури и ако ти наредат да излезеш и да се одвоиш од фамилијата и од богатството твое!; и никако немој намерно да ги оставаш задолжителните намази, бидејќи оној што ќе ги остави ненаклањато намерно намазите фарз, од него ќе се оддалечи Аллаховата заштита!; и никако немој да пиеш вино, бидејќи тоа е главата на секое зло!; и пази се од гревовите бидејќи над гревовите се спушта Аллаховата лутина!; и немој да бегаш од борбениот фронт, па дури и ако се уништи целото човешто!; и кога ќе ги погоди на луѓето смртта од чума додека ти си меѓу нив, тогаш остани (немој да бегаш)!; и снабдија твојата фамилија според твоите можности!; и немој да го отсрануваш од нив стапот на воспитување, и тежнеј тие да имаат страхопочит кон Аллах!“

Објаснување на хадисот на Муаз ибн Џебел (радијаАллаху анху):

Прва порака: Немој на Аллах да му припишуваш ништо, па дури и ако бидеш убиен или изгорен!…

Додека пак во делото на Бухари Ел-едебул-муфред стои: „Не му припишувај на Аллах ништо па дури и ако бидеш распарчен или изгорен …!

Аллаховиот пратеник ги започнал своите пораки кон Муаз ибн Џебел (радијАллаху анху) со забраната да му чини ширк на Аллах, бидејќи ширкот е најголемиот грев.

Аллах рекол, при порачувањето на мудриот Лукман кон својот син:

„О синко мој! Немој на Аллах да му чиниш ширк, бидејќи ширкот е најголемата неправда!“

(Лукман 31, 13)

Севишниот Аллах вели:

„Навистина Аллах не дава опрост ако некој му припишува ортак при обожувањето, а освен тоа може да опрости се според Неговата вољја. Додека оној што му прави ширк на Аллах внесол огромен грев.“

(Ен-Ниса 4, 48)

Исто така вели :

„И оној кој што му здружува на Аллах уште нешто, залутал во длабока бездна.“

(Ен-Ниса 4, 116)

Понатаму, вели Севишниот:

„На оној што на Аллах му припишувал некој друг во обожувањето, Аллах му го направил харам (му го забранил) џеннетот, додека живеалиштето негово ќе биде огнот, а на зулумќарите (неправедните) им нема помош.“

(Ел-Маиде 5, 72)

Исто така Севишниот вели:

„Оној што на Аллах му прави ширк, е како да се удрил паѓајќи од небото и расчеречен од птиците, или како да го удрил ураганскиот ветер на опустошено место.“

(Ел-Хаџџ 22, 31)

Додека, кога Аллаховиот Пратеник бил запрашан кој е најголемиот грев, тој одговорил: „Да му припишеш ортак на Аллах, додека Тој тебе те створил.“

Во еден вистински хадис кој што се пренесува од Муслим, се раскажува дека била земена една жена од синовите Израилови (синовите на Јакуп алејхи селам) да ја фрлат во каналите кои ги беа ископале и во коишто запалиле силен оган. Жената сакале жива да ја фрлат во огнот како и нејзините сонародници додека таа во нејзината прегратка го држела нејзиното бебе. Мајката се разжалостила за своето бебе и била во двоумица, па во тој момент Аллах Севишниот го инспирирал бебето да проговори и тоа му рекло на својата мајка: „Мајко моја! биди трпелива, бидејќи ти си на вистината (на вистинскиот пат)!“

И кога на Ибрахим (алејхи селам) го фрлил неговиот народ во оган:

„Рекоа: Изгорете го и помогнете ги вашите божества ако сакате да бидете помогнати! Додека Ние рековме: О огну! Биди ладен и благ за Ибрахим!“

(Ел-Енбија 21, 68-69)

Понатаму, се пренесува од Хаббаб ибн Еретти (радијАллаху анху) дека рекол:

„Се пожаливме кај Аллаховиот Пратеник, кој што беше се потпрел со неговата облека под сенката на Кабето, велејќи му: Зарем нема да бараш помош од Аллах за нас? Зарем нема да се молиш за нас? Додека Аллаховиот Пратеник рече: Многу време пред вас, го земаа човека и го закопуваа вертикално во една дупка се до грлото, а потоа со метална пила му ја расечуваа главата на половина, или пак со метални чешли му го откинуваа месото од телото, и сето тоа не ги отсрануваше луѓето од нивната вера. Се колнам во Аллах, навистина Аллах ќе ја потполни оваа вера се додека коњаник да патува од Сана до Хадремевт без да се плаши од ништо освен од Аллах, но вие сте народ кој што многу брза.“

(Бухари во неговиот сахих)

Така, да му чиниш ширк на Аллах значи да му придадеш нешто од својствата што му припаѓаат само на Аллах на некој или нешто друго, и тоа е чисто неправда.

0 views0 comments

Comentários


bottom of page