На што се мисли кога се спомнуваат„знаци на лицата“ спомнати во Аллаховите зборови:„ На лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло.“(Ел Фетх, 29)
Овој ајет е објавен како пофалба на асхабите, Аллах да е задоволен со нив. Некои коментатори на Куранот се на мислење дека е тоа визуелен траг на сеџдата која останува на челото како последица на многуте намази, доброволни намази(нафили), како и долг престој на сеџда. Сепак повеќето муфесири(толкувачи на Куранот) сметаат дека ова не се работи за надворешните трагови на челото туку ги толкуваат со : убав морал, скрушеност и скромност. Исто така ги толкуваат со убаво и ведро лице кое зрачи и светли трагови на намазот како што нашите претходници кажувале : „Кој ноќе клања, дење лицето му е светло!“(тефсир Ибн Кесир, 13/133) И говореле: „Навистина доброто дело остава трага на лицето, нур на срцето и обилно снабдување, сила во телото и љубов во срцата на луѓето. Лошето дело ги прави луѓето темни, срцата црни , телото слабо, снабдувањето со недостиг и раѓа презир во срцата на луѓето!(Ел Џевабул ќафи, Ибн Кајим, 62) Во тој контекст се пренесува од Осман , радијаллаху анху, дека говорел:„Нема да се случи некој да сокрие некоја тајна, а да Аллах не ја открие на нивните лица и на навалувањето на нивните јазици.“(Ел Адабуш шерије,1/136) Од Омер , радијаллаху анху, се пренесува дека говорел: „Кој ќе биде честит во својата тајност, Аллах неговата јавност ќе ја стори честита.(Тефсир Ибн Кесир 13/134)
Асхабите на Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, несомнено биле искрени во својата вера, вредни и се труделе во својот ибадет и честити во својата тајност, и трагата на тие дела и искреноста се појавувала на нивните лица и оној кој би ги видел тоа би го препознал и би ги засакал. Имам Малик, Аллах да му се смилува, кажувал: „Слушнав дека кога христијаните би ги виделе асхабите кои го ослободиле Шам би говореле: Се колнеме во Аллах, овие луѓе се подобри од хаварии(апостолите), како што е опишано во она што ни е доставено.“ (Тефсир Ибн Кесир, 13/134) Вистината ја кажале, бидејќи овој уммет е најдобар уммет, а асхабите , Аллах да е задоволен со нив, се негови прваци и најдобри во овој Уммет.
Одговорил: М-р Хакија Кануриќ
コメント