Јас на христијаните им посакувам добро и спремен сум секогош со сите да соработувам , заеднички да правиме добри дела, но од својата добрина не можам и не сакам да му го честитам на некој Божик, наводно од култура, а во срцето да го сметам за неверник. Тоа, според мене е лицемерно.
Бидејќи во тек е најголемиот христијанcки празник, т.е., Божик, сакам да укажам на некој факти, поточно на еден поинаков пристап на гледањето на тој проблем, т.е., честитањето на немуслиманските празници. Многу муслимани – и покрај јасните куранско – суннетски забрани за честитање на немуслиманските празници и забраната која ја изрекле исправните научници – и понатаму во името на наводната толеранција го честитаат овој празник, незнаејќи дека со тоа си ненесуваат штета и себеси и на оние на кои им честитаат….
На самиот почеток сакам да истакнам дека на христијаните не им го честитам овој празник затоа што сум искрен и им посакувам добро. Значи, кон христијаните се однесувам во духот на најголемата толеранција која кон нив ја искажал исламот. Немам ништо против христијаните, дури што повеќе, им посакувам многу повеќе добро отколку оние кои им честитаат Божик, а најголемо добро е Аллаховото упаство, т.е., верата ислам. Значи, моето нечеститање на Божик е мотивирано со желба да им укажам на најголемото добро. Честитањето на Божик е лицемерно затоа што секој муслиман е свесен дека ниту една личност која смета дека постојат повеќе богови или дека Бог има син никогаш нема да влезе во Џеннетот.
Значи, секој муслиман кој ќе честита Божик свесен е дека тој христијанин е во заблуда поради погрешното верување во тројството, но и покрај тоа му честита на таа негова зааблуда. Муслиманот кој на христијанинот навистина му посакува се најдобро, искрено ќе му укаже на погрешноста на христијанското верување. Како илустративен пример за тоа, можеме да замислиме дека имаме некој драг пријател кој гледаме како се движи кон работ на некоја провалија и секунди го делат од паѓањето во бездната. Во овој случај секој нормален човек ќе го предупреди својот пријател на провалијата која тој не ја гледа од неколку причини.
Значи, искрениот човек ќе се потруди да го предупреди и да го спаси својот пријател, а не да рече: „Јас го сакам, но ајде, нека паѓа“. Да, постојат и оние кои вака би постапиле: ќе изразат вербална љубов, но нема ништо да превземат и мирно ќе гледаат како нивните пријатели паѓаат во бездната – така постапуваат лицемерите. Ситуацијата е иста и во случајот на честитањето на Божикот: Како на некој христијанин да му честитам Божик и да му посакам се најдобро, а во длабочината на душата сметам дека тој ќе биде жител на Огнот?
Каков добронамерник сум јас ако сметам дека ќе влезеш во Огнот поради својот ширк – препишување на другар на едниот Бог – а во исто време ти упатувам честитка за тој ширк и наводно ти посакувам се најдобро?!
Не, не!
Моето нечеститање на Божикот на христијаните ја покажува мојата благородност и добри намери кои ги немаат и не ги покажуваат оние кои им честитаат Божик. Зошто и како? Ако јас смеатам дека христијанинот ќе влезе во Огнот поради своето верување во Светото тројство или верувањето дека Иса, алејхис-селам, е Бог или Божји син тогаш нечеститувајќи му го Божик јас му покажувам дека навистина му посакувам добро, т.е. дека сакам да го спасам од Огнот.
Возвишениот Аллах во Куранот вели: „Неверници се тие што велат: „Бог е Месих, синот Мерјемин!“ (Ел Маида, 72), а неверниците одат во вечниот Оган. Значи, како на некој да му честитам затоа што верувам дека ќе го однесе во вечниот Оган. Тоа е исто како некој да тргнал да изврши самоубиство со скокање од зграда и тоа на сите ќе им го обзнани, ,а ние место да го спречиме во таа намера и да го спасиме, ние му честитаме и му посакуваме се најдобро…
Каде е тука разумот?
Јас на христијаните им посакувам добро и спремен сум секогош со сите да соработувам , заеднички да правиме добри дела, но од својата добрина не можам и не сакам да му го честитам на некој Божик, наводно од култура, а во срцето да го сметам за неверник. Тоа, според мене е лицемерно.
Исто така, на оние муслимани кои и понатаму ќе честитаат Божик, нека знаат дека на Судниот ден тој ист христијанин на кого му го честитале празникот може да ги праша зошто не го предупредил на неговото неверство, што не му укажале дека работи погрешно… Се надевам дека ќе ја сватите опасноста на ваквата постапка, затоа што поради ваквите ваши зборови Возвишениот Аллах може и вас да ве казни. Па знајте дека сте предупредени!
Да заклучам: На христијаните им посакувам добро и токму поради тоа нема да им го честитам нивниот празник, затоа што како да им честитам нешто, за кое сметам дека тоа ќе ги однесе во Оган. Значи, одбивам да бидам лицемер, а витинскиот христијанин кој ја разбира религијата ќе ја цени оваа моја постапка, затоа што со ова докажувам дека навистина им посакувам добро. На оние кои сметаат дека на христијаните треба да им се честита Божик заради толеранција, изградба на добрососетски односи и почитување на нивните чуства, им поставувам две прашања:
1. Доколку утре одненадеж се појави некоја секта која ќе почне да верува дека Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, е Бог (еузубиллах) и денот на неговото раѓање го прогласат за свој празник, наводно тогаш е роден Бог, дали исто ќе им го честитате тој празник во духот на толеранцијата и добрососетските односи? 2. Ако утре кај нас се легализира хомосексуалните бракови и станат моќна сила и втемелат свој “геј“ празник, кој може да биде и државно признат, дали вие муслиманите, пак, ќе им го честитате тој празник во духот на толеранцијата и добрососетските односи? Оние кои се со разум обдарени ќе сватат на што овие прашања укажуваат!
Нека Аллах го спушти Својот мир на сите муслимани кои ќе го прочитаат овој текст, а да ги упати немуслиманите. Аллах да ве награди со секое добро!
Брат Т.Е
НУМ
Kommentare