Пундит Ведапракаш Упадхјај, индиски професор, во неговата книга „Калки Аватар“ тврди дека описот на Аватар кој е земен од индиските свети книги Веди и Упанишади како и од другите списи одговараат на описот на Аллаховиот Пратеник Мухаммед , алејхи селам,Авторот е Индиец,Брамин, од Бенгалско потекло.
Тој е научен истражувач во Универзитетот Аллахабад.После неколку години истражување , проф.Пундит ја објавил оваа книга , и не помалку од 8 учењаци Брамини го потврдија и посведочија неговото истражување и неговите образложенија како автентични. Према нивно верување индијците очекуваат „водач“ по име Калки Аватар. Меѓутоа неговиот опис изложен во индиските свети книги ,укажува единствено на Аллаховиот Пратеник Мухаммед , алејхи селам.
Авторот ги наведува следните јасни докази од Ведите и другите Хиндуистички свети книги :
Во Пуранас (индиска света книга) пишува дека Калки Аватар ќе биде последен Божји Пратеник на овој свет.Тој ќе биде лидер за целиот свет и за сите луѓе.
Према индиските свети книги , Калки Аватар ќе биде роден на острово во Арапскиот реон.
Во индиските книги имињата на таткото и мајката на Калки Аватар се : ВИШНУБ-БХАГАТ и СУМААНИ. Ако го испитаме потеклото на овие зборови доаѓаме до интересен заклучок. ВИШНУ значи Бог + БХАГАТ значи Роб= Божји Роб или Абдуллах на арапски, што е името на таткото на Аллаховиот Пратеник. СУМАНИИ- значи смиреност, мир = Амина на арапски , што е и име на Пратениковата , алејхи селам, мајка.
Во индиските религиозни книги е спомната и главната храна на Калки Аватар, а тоа се урми и маслинки, и воедно дека тоа ќе биде најпоштената и најискрената особа во реонот. Без сомнеж Аллаховиот Пратеник , алејхи селам, бил познат по истите квалитети и во пред Пратеничкото време –како Ел Емин.
Споменато е во Ведите дека раѓањето на Калки Аватар ќе биде во чесен и познат клан.Тоа одговара со Курејшиите кои Аллах ги спомнал во Куранот.
Бог ќе го учи Калки Аватар преку својот известувач во пештера. Аллах го учеше Пратеникот , алејхи селам, преку ангелот- Мелекот Џибрил во пештерата Хира.
Бог ќе го снабди Калки Аватар со многу брз коњ , да го јава и да го обиколи светот и седумте неба . Ова укажува на „бурак“ и ноќта наречена Мираџ, ноќ во која Пратеникот , алејхи селам, патуваше кроз 7-те неба.[1]
Бог ќе го помогне Калки Аватар со неговата помош.Ова посебно е докажано во битката на Бедр каде Аллах ги испрати англелите да им помогната на верниците.
Друг многу битен податок за Калки Аватар е дека тој ќе биде роден 12 ден во месецот. Пратеникот, алејхи селам, е роден на 12-ти ребиул евел[2] по хиџретскиот календар.
Калки Аватар би требало да биде одличен јавач на коњи и мечувалец.
Авторот овде им укажува на индијците дека времето на коњи и сабји поминаа и дека денешното време е на огнено оружје и ракети.И според тоа би било смешно да се очекува да Калки Аватар биде одличен јавач и мечувалец. А Аллах најдобро знае!
Најава во Староперсиска религија
Еден пример: На фарси (Парси) религија е една од најстарите познати религии на човештвото. Таа се практикуваше во Персија за многу векови и се состоеше главно од две Писма: на Dasatir и Avasta Zand. Во Dasatir 14 (Sasan11) може да се најде многу јасно пророштвото за Мухамед (алејхи селам):
„Кога Персијанците ќе потонат многу ниско во моралот, човек ќе се роди во Арабија чии следбеници ќе го нарушат нивниот престолот, религијата и сè. Моќниот тврдоглавци од Персија ќе бидат совладани. Куќата која била изградена (Каба во Мека изградена од страна на пратеникот Авраам) и во која многу идоли се ставени ќе биде очистена од идоли, и луѓето ќе ги кажуваат нивните молитви свртувајќи се кон неа. Неговите следбеници ќе ги завземат градовите Parsis, Taus и Balkh и другите големи места околу нив. Мудрите луѓе од Персија и други ќе се приклучат кон неговите следбеници. “
Comentários