Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, го објаснува изразот „…и повеќе“ во ајетот:
„Оние кои што работеле добро ќе ја имаат најдобрата награда и уште повеќе“ ( Куран, 10/26)
Се мисли на гледањето на Лицето на нашиот Господар , џелле шануху.
Слично е пренесено и од Ебу Бекр , радијалланху анху, и худејфија. Ваквите пренесувања од асхабите и табиините се многубројни.
Се пренесува од Амар ибн Јасир , радијалланху анху, дека Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажувал во една дова:
„О Аллаху! Со знаењето Твое на непознатото и со Твојата сила над твоите суштества, задржи ме жив онолку долгу колку што Ти знаеш дека тоа живеење ќе биде добро по мене, и стори да умрам тогаш кога Ти знаеш дека смртта е добра по мене. Те молам да ме направиш да стравувам од тебе тајно и јавно. Те молам да сториш да ја кажувам вистината и да бидам правичен кога сум лут и кога сум смирен. Те молам да ме направиш економичен во сиромаштво и богатство. Те молам да имам лесен живот кој не прекинува. Те молам за радост која не престанува. Те молам за сатисфакција со твојата одредба. Те молам за смиреност на душата по мојата смрт. Те молам за уживањето во гледањето во Твоето лице. Те молам да ме направиш со желба да Те сретнам без да имам болест со болки и без заведување во фитна. О Аллах! Почести не со убавината на верата и направи не да бидеме упатувачи на оние што веќе се упатени.“ ( Ен Несаи 1/280 ; Ибн хузејме во книга Теухид, иснедот е сахих) – „Аллахуме би илмикел гајби ве кудретике алал халк, ахина ма алимта ал хајата хајран ли ва тавафани ида алимта ал вафат хајран ли. Алахума ва асалука хашиетака фил гајби ва шахада ва асалук келиметул хак ал адла фил гадаб веррида ва асалука ал касад фил факари велџинна…“
Подготвил: Ебу Абдулмалик
Comments