„Тие велат: „Бидете евреи или назарени, и ќе бидете на Вистинскиот пат!“ Ти кажи: „Не, ние сме во верата на Ибрахим, кој исправно веруваше; тој никого за рамен на Аллах не Му припишуваше.“(Куран, 2/135)
Овде Куранот се обраќа на раните следбеници на Исус кои ги нарекува „Назарени“(Naṣrānī). Ова е историски точно. Изразот „христијани“ всушност е првпат употребен во Антиох и тоа е спомнато во Делата 11/26. Назарени е назив кој очигледно во првиот век се користи да се опишат учениците на Исус од Назарет. Кител(Kittel) коментира дека терминот треба да се смета како суштински формиран од коренот „нср(nsr)“ што значи „да се задржи“, или „да се набљудува(бдее)“ . [1]
Ако е така, ова ќе значи дека „назарени“ се познати како христијанска група на “набљудувачите”, односно оние кои дословно бдееле врз Месијанството на Исус (во Палестина) и Мојсеевиот закон (во Сирија). Назарените се посебна група во рамките на поголемо тело на јудео-христијани со разни, но воглавном, за денешно време екстремни теологии – од кои сите тие најчесто се однесуваат на Евионити. Терминот „Назарени“ се користи во Дела 24:5 од страна на Тертулиус, портпарол на Ананија и еврејските старешини, во опишувањето на апостолите и учениците во Палестина во средината на првиот век. Хебреизираната форма на Нозрим(Nozrim) се користи во „Биркхат ха Миним“(петицијата против еретиците) . Ова име беше долго користено во Сирија за христијаните воопштено.
[1] Кител и Фридрих,„ Богословски речник на НЗ,“, „Nazoraion“ Гранд Рапидс, 1977
Comentarios