top of page
Writer's pictureinfoislam

Намерата на исламот е да се сочува животот

Животот е најубава благодет и Божји дар кој лично Тој го создал и нам ни го подарил, со секаква можна убавина го украсил и со него не почестил, оживел, обскрбил и упатил. Животот е најголема чест која секое создание а посебно човекот може да ја има, па поради тоа тој е на цена кај секој свесен муслиман.

Зачувување на животот

Вистинскиот муслиман е свесен за киметот и вредноста и благодетта како на својот така и на туѓиот живот, најнапред поради шансата и можноста на верата и обожувањето на Аллах џ.ш., Господарот на сите светови, а после и поради тоа што животот е Божје дело, па и повредување на животот е атак на Аллаховото џ.ш. дело; Тој е Оној Кој го дава и Тој е оној Кој го одзема животот! Поради тоа од муслиманот кој коле животни се бара да ги коле со Бисмиллах (Во име на Бог).

Со тоа се признава правото дека човекот нема право на никого да му одземе животот и затоа со учење на Бисмиллата, споменувајќи го Аллаховото име, тој бара дозвола во име на Оној кој го дал животот и да го одземе тој живот.

Овој свет е совршен и прецизно среден и затоа таа совршеност не смее да се нарушува. Аллах џ.ш. се создал со мера и на се му дал намена. Човекот е најсовршено Аллахово создание и затоа нему му е доверено да пази и да го чува тој космички поредок и да се бори против сите оние кои го нарушуваат.

За да може да го извршува тој аманет човекот, Аллах џ.ш. на овој свет се создал поради човекот. Затоа на човекот строго му е забрането да го нарушува тој закон и да почне да робува на работите или созданијата кои се создадени поради него. Наредено му е само да ги користи онолку колку што му е потребно за да може да ја исполни својата задача и да го тргне се она што го пореметува совршениот поредок кој Аллах џ.ш. го воспоставил во космосот.

Бидејќи убивањето е една од главните причини за неред на земјата и пореметување на Божјиот систем во природата, исламот убивањето го свел на минимум и го дозволил само поради нужност и поради потребата за заштита на Божјиот поредок во космосот. Дури ниту дефинирањето на таа нужност и потреба не ја препуштил на слободната волја на човекот туку тоа сам Бог го одредил и дефинирал – кога и како. Поради тоа и се заканува со тешка казна на сите оние кои ги пречекоруваат тие граници и убиваат од хоби, ќеф или по свое наоѓање.

Човекот за да има здрав стил – предходно треба да има живот, па поради тоа и треба да се чува како од самите себе така и од другите. Исто така човек треба да ги чува и туѓите животи од ароганцијата на својот живот, на што не предупредил Аллах џ.ш. со зборовите: „Ако некој убие некој кој не убил никого, или некој што не прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал!“ (Ел Маида, 32)

Неправедното убиство е првиот грев на кој шејтанот ги навел адемовите синови да го направат, па тоа е и натаму на листата на шејтановите приоритети кога е во прашање заведувањето на човекот и прво што шејтанот се обидува кога се во прашање меѓучовечките животи е луѓето меѓусебно да влезат во кавга и да се убијат а причината за нивното крвопролевање не е битна и често тоа се обични ситници кои не се вредни ни да се спомнат!

Кога е во прашање светската статистика на убиства таа се движи по следниот ред. Централна Америка е најнебезбедна на планетава, а по бројот на злочини и нивната бруталност одамна ја прескокнала Африка. Хондурас и Салвадор се држави со нејголема стапка на убиства на светот, а Централна Америка официјално е најопасно место за живот, особено во големите градови, покажува годишниот извештај на Обединетите нации. Србија е исто така на листата на најопасни земји, за среќа при самото дно.

Војните на нарко – картелите во Мексико и Колумбија полека се селат во помалите држави на Централна Америка, иако прошетката низ Мексико Сити, Рио, Богота или другите големи градови на американскиот континент далеку е од пријатна прошетка, предупредуваат Обединетите нации.

Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, која го составила извештајот, соопштила дека организираниот криминал е најодговорен за големиот пораст на насилства во тој регион, со кој не можат да се натпреваруваат ниту африканските држави, каде животот традиционално не вреди многу.

Само во Хондурас забележани се околу 17 убиства секој ден, а таа држава има само 7, 7 милиони жители. Во соседниот (и воглавно непријателски расположен) Салвадор се случиле 4.000 убиства годишно, на 6,1 милион жители.

Тоа значи, дека на 100.000 жители од Хондурас доаѓа 82,1 убиство, а во Салвадор 66 на 100.000.

На трето место на оваа неславна листа се наоѓаат Брегот на слоновата коска (со “смртоносен индекс“ 56,9), а на четврто Јамајка (52,1). За споредба овој процент во Србија е 1,5, во Хрватска 1,3, а во Црна Гора 1.

Десет најсмртоносни градови на светот се:

Сан Педро Сула, Хондурас (159 убиства на 100.000 жители)

Сијудад Хуарез, Мексико (148 на 100.000)

Масејо, Бразил (135 на 100.000)

Акапулко, Мексико (128 на 100.000)

Дистрито Сентрал, Хондурас(100 на 100.000)

Каракас, Венецуела (99 на 100.000)

Тореон, Мексико (88 на 100.000)

Чиуауа, Мексико(83 на 100.000)

Дуранго, Мексико (80 на 100.000)

Белем, Бразил (78 на 100.000)

Њу Орлеанс е најлош град во САД (58 на 100.000), во Африка најлош е Кејптаун, во Јужна Африка (46 на 100.000), а во Азија, градот Мосул, во Ирак (35 на 100.000)

Насилството стана болен стил на живот и во Црна Гора. Од полицијата предупредуваат дека старосната граница на деликвентите е се пониска, а кривичните дела се се посурови. Од почетокот на девеесетите години до денес, во однос на предходната деценија, бројот на убиства двојно пораснал.

Во осумдесетите, просекот бил околу 10 убиства годишно, а од почетокот на деведесетите околу 25. Кај “обичните“ луѓе чест мотив е караница.

Пресметка на припадниците на криминалните кругови е посебна приказна како и убиствата на познати личности, кои некои останаа нерасветлени. Во Црна Гора има околу 40 убиства чии извршители се и натаму непознати на полицијата.

Сите овие податоци делуваат застрашувачки а и сами сме сведоци на одвратноста на овие недела во нашето поблиско и подалечно опкружување, па обврска е на сите нас да и застанеме на оваа стравотија на пат и да ги одстраниме сите елементи – директни или индиректни, кои придонесуваат кон ширење на овој круцијален проблем. Поради скапоценоста на вредноста на човечкиот живот, Аллах џ.ш., пропишал смртна казна за секој оној кој ќе се дрзне и неправедно ќе го повреди туѓиот живот, велејќи: „Во одмаздата ви е животот, о, вие обдарени со разум, за да бидете богобојазни!“(Ел Бекара, 179.)

Одмаздата смее само да ја изврши исправна власт која го познава верозаконот и правата на луѓето, бидејќи без таа власт да интервенира, убиството и одмаздата ќе биде во раце на граѓанинот и поединецот кој чето од омраза и бес знае да ги пречекори границите.

0 views0 comments

Comments


bottom of page