top of page
Writer's pictureinfoislam

Настанокот на Универзумот и Куранот

Науката за модерната астрономија, обсервациона и теоретската, јасно укажуваат на фактот, дека во еден момент, целиот универзум бил само еден облак на непрозирен и многу густ чад, топол и во гасовита состојба. Ова е еден од неспорните принципи на денешната модерна астрономија. Научниците сега можат да набљудуваат како се формираат нови ѕвезди кои настануваат од остатоците на тој чад. Ѕвезди кои навечер светат, предходно биле како и целиот универзум, во гасовита состојба. Бог ни вели во Куранот:„Потоа се упати кон небесата, а тие беа како магла…“(Куран, 41: 11)Поради тоа што Земјата и небото над нас (Сонцето, Месечината, ѕвездите, планетите, галаксиите итн.) настанале од истиот „чад“, можеме да заклучиме дека Земјата и небото биле една поврзана целина. И тогаш од тој хомоген „чад“ се формирале и одделиле едно од друго. Бог ни вели во Куранот:

„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една поврзана целина, па Ние ја распарчивме…?“(Куран, 21: 30)

Д-р Алфред Кронер е еден од светски реномираните геолози. Тој е професор по геологија и шеф е на катедрата на одделот за геологија на Институтот по геолошки науки на универзитетот Јоханес Гутенберг во Маинз, Германија. Тој рекол: „Размислувајќи, од каде дошол Мухамед… мислам дека е скоро невозможно тој да знаел за овие работи, како што е необичното настанување на универзумот, бидејќи научниците ги откриле овие работи дури во изминатите неколку години, со многу комплицирани и напредни методи на технологијата, како и во овој случај.“

Исто така рекол: „За некој кој пред илјада и четиристотини години не знаел ништо за нуклеарната физика, мислам дека не можел да биде во состојба само така, од свој памет, да ги знае тие работи, како за пример, дека Земјата и небото имаат исто потекло.“

0 views0 comments

Comments


bottom of page