Една од најважните работи кои ги знаеме во историјата на науката е нејзиниот став кон верата.
Овој став во неколку земји и времиња бил негативен, а понекогаш дури и непријателски. Но, нема сомнение во тоа дека широката координација помеѓу науката и верата ја нуди најголемата помош за решавање на овој голем социјален проблем.Вака, на пример првите цитати од Куранот кои Севишниот Аллах му ги објавил на Мухамед а.с велат вака : „Читај во името на Господарот твој кој создава, го создаде човекот од грушка на крв, читај, зашто Господарот твој, навистина, е Најблагороден, кој поучува со перо, го поучи човекот со она што не го знаеше“ Ел Алек 1-5
Овие цитати можат да се читаат како повик за придобивка на вештините на читањето и пишувањето, за да тој кој незнае да чита и пишува да стане образован. Патот на знаењето е заеднички за сите луѓе и нема никаква разлика помеѓу нив. Учењето треба да биде во име на Возвишениот Аллах, а не во име на желбите, љубомората, омразата, расистичките или националистички чувства. Ова јасно докажува дека знаењето според Исламот е свето и има за задача да го крене човекот над сите нивоа кои се спротивставуваат вистината.
Како што го воздигнал Севишниот Аллах знаењето во Исламот, исто така ги воздигнал и неговите средства. Првото нешто во што Тој се заколнал во Куранот поради почитта, бил зборот „Калем“, „Перото“’.
„Нун. Се колнам во калемот и во она што тие го пишуваат, ти не си, со милоста на Господарот свој, луд, ти сигурно награда непрекината ќе добиеш“ Ел Калем 1-3
Ова колнење во Куранот историски му претходи на колнењето на големите небесни тела во вселената како што се, Сонцето, Месечината и ѕвездите со што се претпочита светлото на знаењето над светлото на ѕвездите.
Куранот го истакнува зборот „ел –илм“, науката и нејзините разни форми околу 850 пати се спомнати во нонтекст на Аллах, понекогаш на Неговите Пратеници и луѓето. Исто така, Тој го учи Пратеникот Мухаммед а.с. да се моли на следниот начин
„Кажи : Божее, зголеми ми го знаењето“.
Коментирајќи го местото на знаењето во Исламот, Имам Куртуби кажал : „Да имаше нешто почесно од знаењето, Возвишениот Аллах би му наредил на Мухамед а.с. да му се моли за зголемување на тоа, но го наредил за да бара зголемување на знаењето и науката.
Вака на пример, Аллах во Куран вели :
„А од знаменијата Негови е и создавањето на небесата и на Земјата, и различието на јазиците ваши и на боите ваши. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за учените“ Ер Рум ( Византијци ) 22.
Исто така Пратеникот а.с кажал :
„Барањето на знаењето е света должност на секој муслиман и секоја муслиманка ( Ибн Маџе )
„Секој човек кој е во потрага по знаење, Бог ќе му го олесни патот до Рајот“ ( Муслим )
„Предноста на тој кој знае кон тој кој не знае, е како предноста на месечината во целост споредено со другите ѕвезди“ ( Ахмед, Ибн Ханбел, Тирмизи, Ебу Давуд, Ибн Маџе, Дарими )
Историјата без никаква дилема докажува дека ниту една религија не го поттикнувала научното напредување како што тоа го направил Исламот. Исламот никогаш не била пречка на прогресот и науката.
Знаењето само по себе не е западно ниту источно, тоа е универзално, како што се природните факти. Но, гледиштето под кое фактите може да се гледаат и да се претстават се менуваат зависно културната природа на народите.
Исламското општество како целина почнувајќи од таткото во секое семејство треба да разбере дека предуслов на научниот прогрес е климата на слобода на размислување која треба да ја негуваме кај детето уште кога тој оди на градинка. До научниот успех, нема друг пат и најверојатно нема „скратен пат“, туку труд и залагање.
Comments