top of page
Writer's pictureinfoislam

Научни факти во Куранот: Железото е спуштено

Железото е еден од елементите на кој се посочува внимание во Куранот. Во куранското поглавје „Al Hadid“, што значи железо, се вели следното:

„..И железото го спуштивме, во кое е сила голема и кое на луѓето им користи!“

Глаголот „спушти“ кој се користи во ајетот со зборот железо, може фигуративно да се сфати/разбере”давање за служење на луѓето”. Меѓутоа кога зборот ќе се земе в предвид во неговото вистинско значење “физичко спуштање од небото” ќе забележите дека ајетот содржи значење на научно откритие, кое од модерната астрономија открива дека количините на железото доаѓаат од огромна ѕвезда од надворешниот космос. Тешки метали во Универзумот се создаваат во јадра на големи ѕвезди. Што се однесува на нашиот Сончев систем, тој нема структура која во себе може да произведува железо. Железо може да се формира само на ѕвезди кои се многу поголеми од Сонцето, на температури кои достигнуваат и неколку стотици милиони степени. Кога износот на железо во овие ѕвезди, наречени Нова или Супернова, е над одредена граница, ѕвездата веќе не е во состојба да ја носат и експлодира. Како резултат на оваа експлозија, метеори, кои содржат железо, се распрскуваат во вселената и пловат во ширум отворени простори се додека не се судрат со некое небесно тело и влегуваат под влијание на неговата гравитација. Како што може јасно да се заклучи од горенаведеното, елементот железо не е настанат на Земјата туку е пренесен од метеори, „спуштен на Земјата “, кои потекнуваат од распадната Супернова, значи на истиот начин како што е опишано во Куранот. Јасно е дека ова е научно невозможно да се открие во седмиот век, кога Куранот е објавен. Овој факт, се наоѓа во Куранот, кој повторно е уште еден во низата на докази дека тој е збор од Аллах, Кој има неограничено знаење.

iron-ore-lumps-250x250

Покрај тоа, 25-тиот ајет од сурата Al-Hadid, во која се зборува за железото, содржи два прилично интересени математички шифри: Al-Hadid е 57 поглавје (сура) во Куранот. Кога се пресметува нумеричката вредност на зборот Al-Hadid, се појавува истата бројка – 57.

Нумеричката вредност на зборот Hadid (без членот „Al“˝) е 26. Бројот 26 табеларно во периодичниот систем на елементи (атомски) е број на железото.

Превод: А. М.

0 views0 comments

Comments


bottom of page