” Иноќта и денот се Негово дело, и Сонцето и Месечината, и сите тие пловат на небото.” (Ал-Анбиуа,33)
Фактот дека Сонцето нема статична позиција, дека тој плови по една одредена орбита, во другиот ајет се опишува на следниот начин:
“И Сонцето се движи до својата одредена граница , а тоа е одредба од Силниот и Сезнајниот.” (Ја-Син,38)
Овие Курански факти станале разбирливи после современите опсерваториски набљудувања. Според пресметките на стручњаците од астрономијата, Сонцето се движи со силна брзина од 720 илјади километри на час во орбита наречена Солар Апекс , која е насочена кон ѕвездата Вега. Тоа според една груба пресметка , значи дека Сонцето во текот на еден ден поминува пат од 17 милиони 280 илјади километри. Заедно со Сонцето , истиот пат го поминуваат и сите сателити и планети кои се наоѓаат во Сончевиот систем . Покрај тоа,вкупно сите ѕвезди од вселената имаат слично движење на ова. Фактот дека целиот универзум е опремен на овој начин ,исто така, во Куранот се нагласува на следниов начин: “Се колнам во небото со многу ѕвездени патеки ”(Ез-Заријат,7)
Во целиот универзум постојат околу 200 милијарди галаксии, од кои секоја имаво просек по 200 милијарди ѕвезди. Многу голем дел од овие ѕвезди имаат свои планети, а планетите , исто така, свои сателити. Сите овие вселенски тела, пак, имаат многу прецизни одредени орбити. И секое од овие теламилиони години се движи по својата орбита која е во совршен склад и хармонија со останатите. Покрај тоа, исто така, има голем број на ѕвезди-комети кои се движат по орбитата кои се одредени за нив. Орбитите кои се распоредени по целиот универзум не припаѓаат само на небеските тела. Галаксиите ,исто така, со збунувачка брзина и прецизност се движат по своите орбити. Во текот на ова движење ниту едно небеско тело не се судира со друго, нивните патеки не се скрстуваат. Тоа е толку неверојатен склад што е забележано дека некои галаксии поминуваат една помеѓу друга, а да , притоа, ниту еден нивен дел не се судира со другиот. Апсолутно е сигурно дека човештвото во периодот на објавувањето на Куранот не поседувало телескопи како денеска кои го осигуруваат посматрањето на универзумот со длабочинските мерки означени во милиони километри, развиената технологија за набљудување , немала познавање на модерната физика и астрономија. Според тоа, невозможно е во тоа време да се открие научно, факт е тоа што е истакнато во Куранот ”со многу ѕвездени патеки.” Сепак овие факти јасно се прикажани во Куранот кој е објавен во истиот период, затоа што Куранот е збор на Сезнајниот, Аллах џ.ш.
Превод: Муслима
Comments