top of page
Writer's pictureinfoislam

Научниците предупредуваат: Промената на половите на Земјата може да доведе до катастрофа

Според меѓународните медиуми кои се повикуваат на изјавите и откритијата на вселенската агенција НАСА не е далеку денот кога Сонцето ќе излезе од Западот наместо од Истокот.  Американското списание „Лајв Сајанс“ тврди дека земјиното магнетно поле е ослабено за 10 –пати во последните години.

Познатите „Дејли Меил“ и „Хафингтон Пост“ веќе известиле за промената на која упатуваат вселенската агенција ЕСА и можна скорешна промена на Земјиното магнетно поле. Драстичната промена на магнетното поле може да доведе и до ротација на Земјината оска што наскоро може да значи и промена на правецот на Земјата во однос на Сонцето.


Промена на магнетното поле

Во случај на ротација на половите, може да дојде до хаварија на струјните линии, оштетување на сателитите, ширење на озонската дупка, појава на поларна светлост на екваторот, дезориентација на птиците преселници…

Магнетното поле на Земјата, кое ја штити нашата планета од космичка радијација и Сончева бура, почнува да слабее. Имено, најновите научни истражувања велат дека магнетното поле слабее, посебно на северната хемисфера.

Не е познато зошто се случува ова. Една од можните причини би можела да промената на магнетните полови на Земјата. Последната таква промена се случила пред повеќе од 700.000 години. Слабеењето на магнетното поле на Земјата веројатно започнало пред околу 150 години. Јачината на половите веќе е слаба, а слабеењето забрзало во последните години. За време на процесот на замена на половите, основното магнетно поле слабее речиси до исчезнување, а потоа повторно се појавува, но со обратен поларитет.

Во случај на замена на половите, може да дојде до хаварија на струјните линии, оштетување на сателитите, ширење на озонската дупка, појава на поларна светлост на екваторот, дезориентација на птиците преселници, рибите и сите животни кои за својата навигација се потпираат на магнетното поле.

Доколку тоа се случи, ќе влијае на сите живи суштества на Земјата, а со тоа и на луѓето. Кога тоа ќе се случи, компасот ќе покажува на југ, а не на север.

Еден ден доколку се промени магнетното поле тоа може да доведе до промена на ротација на Земјата која ќе се направи обрт околу својата оска , што ќе овозможи сонцето да излезе од запад. Тоа може да се случи наскоро !

Исламско хадиско знаење и излегувањето на Сонцето од Запад

Да се потсетиме:

Аллах џ.ш вели, во превод на ајетот: „Зар тие чекаат мелеците да им дојдат, или казната од Господарот твој или некои предзнаци од Господарот твој? Оној ден кога некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниеден човек од корист нема да му биде тоа што ќе (по)верува тогаш, ако не верувал претходно или како верник, некое добро дело не направил. Речи: „Вие само чекајте, и ние, навистина ќе чекаме!“ (Ел Енам 6:158)

Излегувањето на Сонцето од запад е спомнато во хадисот на Пратеникот с.а.в.с, како прв голем предзнак на Крајот на светот. Се пренесува дека Абдуллах ибн Амр р.а рекол: Сеуште се сеќавам на хадисот на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с, во кој рече: „Првиот знак (за Крајот на светот) е излегувањето на сонцето од запад и појава на животното(даббе) во претпладневниот период. Без оглед кое од овие две прво ќе се случи, другото набрзо по него ќе се појави.“ Ебу Хурејре р.а вели: „Пратеникот , алејхи селам,рече: „Побрзајте да направите што повеќе добри дела пред да се случат шест работи: излегување на сонцето од запад, појавата на дим , Деџал, ѕверот од земјата, смрт на некој од вас или општ метеж и неред.“ (Ahmed, Muslim)

Ебу Саид Худри р.а кажува дека Пратеникот , алејхи селам,рекол: „На денот кога одредни знаци од Господарот твој ќе се појават, нема да им вреди на луѓето после то што ќе веруваат“, мислејќи со тоа на излегувањето на сонцето од запад (Ахмед). Ебу Хурејре р.а кажува: „Пратеникот , алејхи селам,рекол: „Крајот на светот нема да дојде додека сонцето не излезе од запад. Кога луѓето ќе го видат тоа, тогаш сите ќе веруваат во Аллах и Судниот ден, но тоа ќе биде време кога – „Никаква корист на човекот нема да му донесе верувањето тогаш, ако пред тоа не верувал“ (Бухари).

Ебу Зерр р.а раскажува: Ме праша Пратеникот с.а.в.с: Знаеш ли каде оди Сонцето кога заоѓа? Јас реков: Не знам“. Тој рече:„Тоа патува додека не се поклони пред Аллаховиот Арш, и тогаш бара дозвола повторно да излезе на исток. Но ќе дојде време кога ќе му се рече: „Оди назад од каде што и дојде.“ Тоа ќе биде време кога, „Нема да му вреди на човек да верува во нив тогаш, ако претходно не верувал ниту пак постигнал побожност преку својата вера“ (Бухари). Амр ибн Џарир кажува: „Тројца муслимани седеле со Мерван во Медина, и го чуле како рекол, додека говорел за знаците за Крај на светот, дека прв од нив ќе биде појавата на Деџал.

Тогаш тие тројца отишле кај Абдулах ибн Амар и му кажале што чуле, од Мерван за Крајот на светот. Абдулах им рече:„Мерван не ви кажал многу. Јас го запомнав хадисот за тоа кој го чув од Пратеникот с.а.в.с: „Прв од знаците ќе биде излегувањето на сонцето од Запад, и појавата на Ѕверот од земјата. Кој и да се појави прв, другиот веднаш ќе следи.“ Тогаш Абдулах р.а, кој бил многу учен рекол: „Јас мислам дека прво Сонцето ќе излезе од запад. Секој пат кога заоѓа, оди пред Аллаховиот Арш и се поклонува таму, а потоа бара дозвола повторно да излезе. Ќе дојде време кога три пати ќе бара дозвола и нема да добие одговор, и кога поголем дел од ноќта ќе помине а тоа ќе увиди дека нема да може на време да излезе, тоа ќе рече: „О мој Господару, колку е далеку местото на изгревање од мене. Што да правам за луѓето сега?“ Тогаш ќе побара дозвола да се врати назад, и ќе му биде речено: „Излези од каде што си сега.“, и така тоа ќе излезе од Запад.. „Тогаш Абдулах р.а го проучи ајетот: „Нема да му биде од корист на човек да поверува во нив тогаш, ако претходно не верувал ниту постигнал побожност преку својата вера.“ (Ахмед)

Погледнете во ова видео како христијански истражувачи научного предвидуваат  настанот кој што е објаснет низ хадисите за кои најверојатно не се ни запознаени. Интересно е дека горниот сахих хадис во кој Пратеникот алејхи селам укажал дека пред да излезе Сонцето од Западот ќе се случи успорување на ротацијата односно дека три пати ќе бара Сонцето дозвола да излезе означува дека Сонцето нема да излезе три „дена(периоди)“. А Аллах најдобро знае!

Денот на големите предзнаци наближува

Зарем не знаеш за тој што се препираше со Ибрахим за Господарот негов, кога Аллах царство му даде? Кога Ибрахим рече: „Мој Господар е Тој кој дава живот и смрт.“, тој одговори: „Јас оживувам и усмртувам!“ „Аллах прави Сонцето да изгрева од исток,“ – рече Ибрахим – „па ти направи да излезе од запад!“ И неверникот се збуни. А Аллах навистина не ги упатува насилниците на Вистинскиот пат. (Куран, 2:258)

“На Денот кога ќе дојдат некои знаменија на Господарот твој никому не ќе му користи верувањето негово, ако од порано не верувал или ако, во своето верување не спеча лил некакво добро.” ( Ел- Ен ам, 158)

Ова значи: Денот кога ќе се појават некои знаменија (предзнаци) нема да му користи верувањето на неверникот кој ќе поверува во тој миг, ниту на грешникот кој не правел добри дела пред тоа.

Имам Табери рекол:

“Тоа значи дека нема да му користи верувањето на оној кој претходно бил неверник откако ќе се појават тие големи предзнаци, бидејќи тогаш човекот ќе поверува од стравотиите во кои ќе падне. Нивното верување е слично на верувањето на оние кои ќе поверуваат во моментот на Кијамет.” (Тефсир Табери 12/266) Гледаме дека тоа ќе настапи многу брзо.

Веродостојни хадиси укажуваат на тоа дека под поимот “некои знаменија, предзнаци” се мисли на изгревање на сонцето од страна на Запад, и тоа е мислење на мнозинството на толкувачите на Кур анот. (Тефсир Куртуби, 7/ 145)

Што е причина за не примањето на верувањето и покајувањето после изгревање на сонцето од Запад?

Ова прашање го поставуваат голем број луѓе. Големите учени на оваа вера дале одговор на ова прашање.

Имам Куртуби рекол: “Научниците рекле: Нема да му користи верувањето на човекот кој ќе поверува после изгревање на сонцето од Запад, бидејќи тогаш, секоја стравотија ќе исчезне од срце, а телесна снага ќе се стопи.

Сите луѓе поради големата свест за близината на Судниот ден , ќе бидат во состојба како на чекање на смрт. Во нив нема да има нешто што ќе ги тера за непослушност кон Аллах џ.ш. Кој се покае во таква состојба, покајувањето нема да му биде примено, како што не се прима покајувањето од оној кому смртта му настапила.” (Тезкире)

Ибн Кесир рекол: “Ако неверникот изрази верување тој ден, тогаш тоа нема да биде примено од него. А оној кој пред тоа верувал, ако во своите дела бил исправен, ќе биде во големо добро, а ако бил помешан помеѓу тоа и изјави покајување, тогаш тоа нема да му биде примено.”

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: “Аллах џ.ш. направил врата на запад чија широчина изнесува седумдесет години одење. Нема да ја затвори се додека не изгрее сонцето од страна на таа врата. Тоа се Аллаховите зборови: “Денот кога ќе дојдат некои знаменија на Господарот твој, нема да му користи верувањето на човекот ако пред тоа не верувал”. (Тирмизи)

Ебу Муса р.а. вели дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Аллах џ.ш. ги пружа своите раце ноќе за да им прости на грешниците на денот, и ги пружа рацето по ден да им прости на грешниците по ноќ; се додека не изгрее сонцето од Запад.” (Муслим)

Поради тоа е неопходно секој човек да побрза кон покајувањето затоа што ќе дојде оној миг кога тоа нема да биде прифатено и тогаш ќе биде доцна.

Подготвил: Иман

0 views0 comments

Kommentare


bottom of page