top of page
Writer's pictureinfoislam

Научниците тврдат дека луѓето потекнуваат од исто племе

Според археолозите за 5.000 години луѓето успеале да се рашират по должината на брегот на Индискиот Океан и низ југоисточна Азија за да стигнат во Австралија пред околу 65.000 години, додека другите тргнале на север преку Блискиот Исток и Пакистан и дошле до Централна Азија, а пред околу 50.000 години почнале да се шират и во Европа

Според нив целата човечка раса надвор од Африка му го должи своето постоење на едно племе од 200 луѓе што пред 70.000 години го преминало Црвеното Море, се вели во написот на британскиот весник „Телеграф“.Истражувањето на генетичарите и на археолозите овозможило да се открие потеклото на модерниот хомо сапиенс: мала група луѓе што успеале да го преминат регионот од африканскиот рог до Арабија и оттаму го колонизирале остатокот од светот. Генетските анализи кај денешните луѓе во Европа, Азија, Австралија, во Северна и Јужна Америка покажале дека сите потекнуваат од таа мала група. Се смета дека климатските промени пред околу 70.000 до 90.000 години предизвикале драматичен пад на нивото на морињата и овозможиле да се премине Црвеното Море. Според нив за Хомо сапиенсот, односно „модерниот“ човек се смета дека еволуирал пред околу 195.000 години во источна Африка, најраните познати остатоци што му припаѓаат на тој период се откриени во близина на реката Омо во Етиопија. Исто така, се верува дека тие први модерни луѓе пред околу 150.000 години успеале да се рашират во другите делови на Африка – нивните фосилни остатоци се пронајдени на ‘Ртот Добра Надеж во Јужна Африка. Првите остатоци од хомо сапиенс, надвор од Африка се откриени во Израел и се смета дека се стари околу 100.000 години. Тоа се остатоци од групата што ја напуштила Африка преку денешната пустина Сахара, во текот на кусиот период кога климата станала повлажна и во пустината се развила вегетација. Меѓутоа, ова патување пропаднало и луѓето изумреле кога климата повторно станала сува. Од 14 древни племиња во Африка, изгледа дека надвор од континентот преживеало само едно. Последните генетски истражувања покажале дека луѓето дури пред околу 70.000 години успеале да ги искористат предностите од ниското ниво на морињата и да преминат во Арабија. Долго се претпоставувало дека луѓето успеале да се рашират по светот благодарение на своите вештини на ловење и на приспособувањето. Најновите студии, сепак укажуваат дека првите луѓе што ја напуштиле Африка многу повеќе им должат на климатските промени отколку што се мислело. – Тоа што се гледа од ДНК на сите не-Африканци е дека сите тие му припаѓаат на едно мало африканско племе што го преминало Црвеното Море. Да било лесно да ја напуштат Африка би имале повеќе африкански корени во ДНК, но постои само еден – вели д-р Стивен Опенхајмер од универзитетот во Оксфорд. Тие тврдат дека за околу 5.000 години луѓето успеале да се рашират по должината на брегот на Индискиот Океан и низ југоисточна Азија за да стигнат во Австралија пред околу 65.000 години. Другите тргнале на север преку Блискиот Исток и Пакистан до Централна Азија. Пред околу 50.000 години почнале да се шират и во Европа. Уште еднаш ниското ниво на морињата им овозможило да „влетаат“ во Европа. Идејата дека сите не-Африканци потекнуваат од само една мала група луѓе е спротивна на претходните теории дека различните човечки раси еволуирале одвоено од хомо еректусот на различни страни од светот. Така, на пример, археолозите во Кина веруваат дека имаат цврсти докази дека Кинезите еволуирале директно од племето хомо еректус кое стигнало во оваа земја пред околу два милиона години, а не од африканскиот хомо сапиенс. Меѓутоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека сите тие потекнуваат од првите Африканци. – Мислам дека сите би требало да бидеме среќни поради тоа зашто тоа значи дека луѓето што живеат на овој свет не се толку различни еден од друг – вели Ли Чин од универзитетот „Фудан“ во Шангај, кој го спровел истражувањето.Тој додал дека неговиот тим не открил ниту еден човек кој би можел да биде потомок на хомо еректус во Кина. dnevnik

0 views0 comments

Comments


bottom of page