Животот на нашата планета може да бил создаден од глина, тврди ново научно истражување, исто како што и Библијата, Куранот па дури и грчката митологија сугерираат со години, пренесува британски Телеграф.
Најновите докази се дека глината, која во основа е комбинација од минерали во земјата, служи како лабораторија за одгледување на ситни молекули и хемикалии кои „ги впива како сунѓер“. На овој процес му се потребни милијарди години, во текот на кои хемикалиите реагираат едни со други и создаваат протеини, ДНК и, евентуално, живи клетки, изјавиле научници за журналот Саентифик рипортс.
Биолошките инженери од одделот за нано-наука на универзитетот Корнел во Њујорк веруваат дека глинат „може да е родното место на животот на Земјата“.
Ова е теорија која датира илјадници години наназад во многу култури, иако не баш со истото научно објаснување. Во религиозните текстови од антички Египет сѐ до кинеските легенди, Бог од глина го прави обликот на мажот и потоа му вдишува живот преку ноздрвите.
Дури и Книгата на настанокот, еврејски религиски текст, зборува за човекот кој се раѓа од прашина и се враќа во прашина кога ќе умре, а истражувачите кои го превеле текстот од староеврејски ова го толкуваат како глина и земја.
Во морската вода глината формира хидрогел, маса со микроскопски отвори кои впиваат други минерали, хемикалии и други ситни молекули од околината.
„Во раната геолошка историја глинениот хидрогел служел како место за размножување на биомолекули и биохемиски реакции“, тврди професорот Ден Луо од универзитетот Корнел. „Низ милијарди години, хемикалиите насобрани во морската глина изведувале комплексни реакции кои формирале протеини, ДНК и евентуално и целата машинерија со помош на која функционираат живите клетки“.
Овие заклучоци се базирани врз експерименти спроведени од страна на истражувачи кои користеле синтетички хидрогел, додавајќи му ДНК, амино киселини и ензими, и преку симулации на производство на протеини.
Покрај тоа што ова е една од теориите за создавањето на животот на Земјата, таа може да има и современа и економична примена во индустријата за производство на лекови.
„Зошто се зема глината предвид? Затоа што е бесплатна. И што е уште подобро, сосема неочекувано откривме дека користењето глина го забрзува производството на протеини“, се вели во извештајот.
„Ние човекот, навистина, го создадовме од глина одбрана,“ (Муминун, 23:12)
Сè во Вселената го почитува Аллаховиот закон и Неговата одредба. Сè што постои Го велича и Го слави Аллах. Па и човекот кој е создаден од посебна глина. Кога ќе се анализира телото на човекот ќе се увиди дека тоа се поклопува со 18 елементи кои ги содржи Земјината кора. Најбитните меѓу тие елементи се: кислородот, силициум, алуминиум, железо, калциум, натриум, калиум, водород, хлор, јод, фосфор, олово, бакар, сребро, јаглен и цинк.
Boulder clay mounds on the beach by Hugh Venables is licensed under CC-BY-SA 2.0
Фактот дека човекот е создаден од посебна глина, но истиот израз, иако е спомнат во поранешните книги, не е сличен на зборот „сулала“ (бит, екстракт, суштина), кој во себе вклучува биолошка суштественост и истата се поклопува со современите научни знаења.
Comments