top of page
Writer's pictureinfoislam

Најавата на Мухаммед а.с. во новиот Завет како „paraclete“

А кога Иса, синот Мерјемин, рече: „О, синови Израилови, јас сум ви Аллахов Пратеник да го потврдам пред мене објавениот Теврат и да ви донесам радосна вест за Пратеникот чиешто име е Ахмед, кој ќе дојде после мене.“,

и кога им ги донесе тој јасните докази, тие рекоа: „Ова е јасна магија!“ (Куран;Ес Сафф, 6) Постои несогласување помеѓу муслиманите и христијаните во вр- ска со грчкото потекло на зборот paraclete.


Муслиманите веруваат дека вистинскиот збор е periklytos-кој значи „пофален, прославен“ и дека е извршена промена за да се сокрие вистинското значење на зборот Ахмед – оној кој е „пофален“

Пред да проговориме за етимологијата, за потеклото на зборот и сродството на зборот, и за вистинското значење на оваа некласична или дури искривена форма од зборот paraclete, потребно е на кратко да се осветли одредена карактеристика на Евангелието по Јован. Изворот на ова евангелие и авторството е под знак прашалник, кое ги затекнало големите библиски критичари. Авторот бил или Јован, син на Заведеј, или некој друг под тоа име, што ја покажува наклоноста во поглед на разбирањето на логосот.(1) Логос кој бил познат преку учењето на познатиот научник на јудаизмот и филозоф Филон.(2)Општо е познато дека освојувањето на Палестина и основањето на Александрија од страна на Александар Маке- донски вовелo нова епоха во културата и цивилизацијата. Во тоа време до- шло до голем судир на духовното учење на Библијата со материјализмот на грчкото паганство. Грчката филозофија и уметност постепено стану- ваат предмет на истражување на јудеистичките или еврејските правници, како во Палестина, така и во Египет. Инфилтирањето на грчката мисла и убавата книжевност во јудеистичките школи ги алармирало библиските свештеници и научници. Еврејскиот јазик бил толку запоставен што во синагогите на Александрија, Стариот Завет се читал во рамките на Септуагинта. Овој продор на грчката филозофија дал повод Израелците подобро да се зафатат кон проучување на својот закон и својата одбрана од злокобноста на новиот дух. Заради тоа ги вложиле сите свои напори како би изнашле поделотворна метода на толкување на Библијата а со тоа и можност на едно зближување на библиските вистини и хеленистичката позитивна мисла. На тој начин хеленистичката литература ги труела луѓето кои подоцна свирепо ќе ги прогонуваат монотеистите. Изнајдена и воведена е нова метода. Таа се состоела во алегориско, преносно, тол- кување на законот на сите правила и секое кажување. Брзо нашла место во Библијата и станала како коверт- писмо коешто во себе содржела еден систем на религиозна филозофија. Иако, според Александриската школа, јудаизмот триумфирал над паганизмот, сепак тоа, како што забележал познатиот рабин Паул Хагуенаер, навистина било штетно, како за јудеиз- мот, така и за христијнството. Писателот Давид Бенјамин Келдани(3) вели: „Јас можам многу добро да разберам и да прифатам дека Исус, Мојсеј и Мухаммед биле именувани како Рухуллах, Келимуллах и Ресуллулах со што се мисли Дух од Бог, Реч од Бог и Пратеник од Бог. Меѓутоа, во никој случај не можам да сфатам, ниту да прифатам дека Дух, Реч и Пратеник треба да претставува една божестве- на личност којашто поседува божествена и човечка природа.“ Поради ова, треба да ги откриеме заблудите во преводот на paraclete. Со Божја помош сосема јасно ќе докажеме дека тоа не е paraclete, туку periklytos, што на арапски е Ахмед, што значи „пофален“, „славен“, „прославен“.(4) Менувањето на имињата во Библијата при превод било вообичае- но. На пример, името Барабас, во протестантската верзија е „Бараба“, во католичкиот превод е „Месија, месих и шилон или Шилох“ и многу други. Periklytos е збор на асирскиот јазик, јазикот кој е поблиску до говорното подрачје на Исус.(5) За да се објаснат овие измени, Едвин Џонс во својата книга Потеклото на христијанската религија, признава дека зборот paraclete, се однесува на Мухаммед, но тој го потиснува своето признание со лага која образуваните луѓе и научници неможат да ја прифатат. Тој вели „христијаните го вметнале овој збор во Евангелието по Јован по- ради влијание на религиозната култура на муслиманите“.

ФУСНОТИ :

1 Зборот во старогрчката материјалистичка филозофија, тоа е сеопшта закономерност, сеопшт склад во идеалистичката филозофија, духовен прапочеток, божествен разум кој владее со космосот, филозофски систем на божествено создавачка сила, божeствена праведност. Кај христијаните чест синоним за Бог или за Исус Христос, па затоа и Божја реч и творечка сила, во општа смисла на говор на духовна свест.

2 Најистакнат човек кој ја претставувал оваа наука е Филон. Тој се родил во 25 година п.н.е во Александрија, во богата еврејска фамилија. Бил добро упатен во Платоновата филозофија и ги пишувал своите алегориски делови со чист и хармониски грчки стил. Тој верувал дека објавата мора да се поклопи со најголемите човечки знаења и со највисока човечка мудрост. Неговата мисла била обземена со феноменот на чистиот Дух, со човечките, овоземни суштества. Следејќи ја Платоновата теорија измислил една низа од посредни одразувања коишто ги менувал како „истакнување на божественоста“ и го поврзал во една метода, којашто Бог го поврзува со светот. Вистинската срж на оваа идеја –„логосот“ ја образува врховната мудрост во светот на создаденото и најголем израз на одредениот однос низ божествената призма.

3 Грчки превод на Стариот Завет настанат во III век од н.е во Александрија. Според легендата, тоа го извршиле 72 учени и затоа го добила името Септуагинта, затоа што 72- ца ја собрале.

4 Римокатиолички свештеник, Давид Бенјамин Келдани, роден 1867г. во персискиот град Урумија, каде што го стекнал почетно образование. Од 1886 до 1889 г. е член на наставничкиот собир – Мисија на Надбискупи од Кантербери при асирските христијани во Урумија. Кардиналот Вауган 1892 го испраќа во Рим каде тој завршуа еден психолошко- теолошки натпревар за „Пропагандниот Филеџ Колеџ“.Во 1903 година оди во Англија каде се приклучува кон заедницата на унитаријанците. Во 1904 г. британската Унитарна асоцијација бара да продолжи со своето воспитно и поучно делување помеѓу своите земјаци. На своето враќање го посетува Цариград каде што во повеќе прилики разговара со неколку исламски учени за потоа да го промени името во Абдул Ехад Давуд. Умрел 1940 година. Ја напишал книгата Мухаммед во Новиот Завет издадена во 1928 година.

5 Давид Бенјамин Келдани Мухаммед во Новиот Завет; “Isa”, Encyclopedia of Islam; Watt (1991) pp. 33–34. 614 The Promised Prophet of the Bible, Munqidh Bin Mahmoud Assaqqar, PhD

Од книгата:

Од Исус до Мухаммед – Елена Тренчевска

0 views0 comments

コメント


bottom of page