top of page
Writer's pictureinfoislam

Најавата на Мухаммед алејхи селам во Стариот завет

(исто така се вика “Песна над песните”) се дава пророштво за едно лице кое ќе дојде, мистериозно лице. Христијаните сметаат дека се работи за Исус, но описот повеќе алудира на Мухаммед а.с.

ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ Главa 5  10. Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други. 11. Неговата глава е како злато – чисто злато; кадриците од косата, како млади палмини гранчиња, црни како гавран.

Ова е пророштво за пратеникот Мухамед каде што тој повторно се враќа воМека. Добро познат историски документиран факт е дека во 630 година Мухамед влезе во Мека како водач на армијата на “десет илјади луѓе”.Познато е дека Мухаммед а.с. имал бел тен и црна коса.

ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ Глава 5  15 Нозете му се столбови од мрамор на златни подножја; растот му е како Ливан, величествен како кедар.

Овој стих го споредува овој пророчки мистериозен човек со земјата Либан која е земја на Арапите. Ова имплицира дека мистериозниот човек односно пророкот ќе биде од арапско потекло. Кедар е познато племе кое е настането во пустините и истото  потекнува од племето Ишмаел и се потомци на Мухаммед а.с.. Додека Исус потекнува од племето Исхак, преку Аврама.

The Hebrew Bible  Song of Solomon 5 חכו ממתקים וכלו 16 מחמדים זה דודי וזה רעי בנות ירושלם׃

ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ Глава 5  16 Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!

При читањето на македонскиот превод на “Песна над Песните” 5:16 овој стих завршува со описот велејќи: “Говорот му е сладок и сиот е од љубезност”, но она што повеќето од нас не го знаеме е дека во оргиналниот Завет името на овој човек е дадено. Тука е името напишано на антички хебрејски како што се појавува во стих шеснаесет: מחמד. Тој се чита како: “Mahammad”. Според Бен Јехуда, хебрејско-англиски речник, тоа правилно се изговара како “Muhammad”.

За тие што сакаат да проверат дали навистина така се чита кога ќе се преведи מחמד на англиски еве ви страница да проверите сами.

0 views0 comments

Comments


bottom of page