Благодарноста Му припаѓа на Аллах џелле шануху, нека е салават и селам на последниот Божји Пратеник и миленик , Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, на неговото чесно семејство неговите асхаби и сите оние кои го следат се до Судниот ден.
Не известил , саллаллаху алејхи ве селем, оној чив говор е вистинит дека името Аллах е највеличественото име. Име со кое кога учи дова(молитва) таа е примена и кога се бара со тоа име е дадено тоа што се бара.
Повеќето учењаци сметаат дека името на Возвишениот, Аллах, е највозвишеното име, како што се пренесува и од Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем,:
Тој слушнал еден од асхабите како чини дова со следниве зборови: „Аллахуме инни еселуке енни ешхеду еннеке ентеллах, ла иллахе илла енте, ел-Ехад, ес-Самед , еллези лем јелид ве лем јулед, ве лем јекун леху куфувен ехад“, па кажал , саллаллаху алејхи ве селем,:„Се колнам со Оној во чии раце е мојата душа барал од Аллах со неговото највеличествено име, со кое име кога се моли се услишува молитвата, и кога со него се бара тогаш се дава.
И слушнал , саллаллаху алејхи ве селем,човек кој клањал и после тоа ја проучил довата:„Аллахуме инни еселуке би енне лекел-хамд, ла иллахе илла ент, ел Меннан, бедиус семавати вел ерд, ја Зел џелали вел икрам, ја Хајју ја Кајум“ , па кажал Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем,:„Навистина чинел молитва до Аллах со Неговото највеличествено име, кое кога ќе се чини дова со него тоа ќе биде и примено, а кога се бара со него ќе биде дадено.
Аллах е име со кое е нарекува само Возвишениот. Во основа доаѓа од зборот ’Ел – Илах’. Пред сумирањето овој збор се користел за се што се обожува, исправно или неисправно, но подоцна преовладува употребата на овој израз за Оној Кој вистински се обожува. Тоа е навеличественото име кое се однесува сите Аллахови , џелле шануху, својства на потполност, на сите Негови називи на величественост, возвишеност и убавина. Ова е највеличествено име кое има највеличествени и најшироки значења. Возвишениот вели: „Аллах – нема друг бог освен Него“ (Ел бекаре 255)
Ова Возвишено име е највеличествено помеѓу сите убави имиња и со најголем степен. Аллах, џелле шануху, сторил да тој единствениот се нарекува од сите светови. Ги запечатил Аллах срцата и јазиците на незналиците да тоа име го довикуваат без санкции, и вели Возвишениот: „А ако ги запрашаш кој ги создал небесата и Земјата, ќе кажат Аллах“.(Лукман, 25)
Ова величествено име ги опфаќа сите убави имиња и возвишени својства однесувајќи се на нив сеопфатно. Па кога човекот ќе учи дова и ќе каже : „Аллахумме..(О Аллаху) тој ја учи довата со Неговите најубави имиња и возвишени својства, особености и делувања.
Аллах јазички доаѓа од зборот Ел Илах. Зборот Ел илах во арапскиот јазик се врзува на 4 значења: Ел Мабуду (божество, односно оној кој се обожува), Ел Мелџеу (оној кај кого се бара заклон и засолниште), Ел Махбубу Хуббен азимен (Оној кој е сакан со голема љубов) и Еллези Тахтарул- укулу фихи (оној кого разумот неможе да го разбере).
Шеријатски, Аллах џелле шануху, е Оној кого срцата на верниците Го обожуваат, со љубов, со понизност, со страв, со покорност, со надеж, со чезнеење, со величање, со барање засолниште кај Него кога е потребно и во несреќи. Тој џелле шануху е вистинскиот Бог, и се покрај Него што се обожува е неисправно, од Аршот Негов, па се до длабочините на Земјата.
Тој џелле ве ала, е Оној на кој Му припаѓаат сите својства на совршеност , возвишеност и величество со цел на крајно совршенство. Нему му припаѓаат најубавите имиња покрај кои нема убави имиња, кој е чист од секој недостаток и грешка, кој нема содруг, на кој му нема никој сличен, на кој ништо не му сличи и кому ништо рамно не Му е.
Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, вели: Не е возможно со пофалба да бидеш опишан, Ти си онаков како што Сам си се опишал“. Кога ќе се опише возвишеноста на ова име кое е од сè посовршено, повозвишено, посеопфатно, повоздигнато. Не го спомнува ова име оној кој има малку, а да не му биде зголемено, ниту од страв а да тој страв не му е отклонет, ниту од мака а да не му е отклонета, ниту од бол и тага, а да не му е отстранета, ниту од теснотија а да не биде дадена широчина, ниту кај слабоста а да не му е засилена, ниту кај понижување а да не е возвишен, ниту сиромашен, а да не е збогатен, ниту некој да е поразен, а да небиде потоа победник. Ова име е со кое се отклонуваат потешкотии, со кое име се спушта берекет, со кое име се примаат довите, со кое име се зголемуваат степени, со кое име доаѓаат добри дела а се отстрануваат лоши дела, и нема ништо повеличествено од Аллах, тебареке ве те ала.
Аллах – највеличественото име и доказите кои укажуваат на тоа:
Аллах е име кое е најповеќе спомнато во Куран и тоа 2724 пати и 33 ајети започнуваат со ова име.
Тоа е единственото име кое со хадиси се спомнува дека е највеличественото име.
Аллах, џелле шануху, ги поврзал останатите имиња со ова имекако што вели Возвишениот : „А Аллаховите имиња се убави па со нив довикувајте Го!“ (Ел Араф, 180) Исто како што се вели од Аллаховите имињае Ер Рахман, Ер Рахим, ел Кудус, а не се вели од им ињата на Мислостивиот се.. ниту од имињата на Семоќниот..
Тоа е име со кое најповеќе се учат довите: „Аллахуме инни есселуке..
Аллах ги запечатил срцата и јазиците и Неговите суштества не се нарекуваат со ова име.
Бидејќи со неговото име се започнува секоја работа во која се очекува береќет: Бисмиллах..
Тоа име е познато на сите и не е негирано од страна на ниедна заедница (уммет)
Кога ова име ќе биде воздигнато од Земјата (никој нема да го спомнува) ќе настапи Судниот ден
Кога вистинскиот верник во Аллах џелле шануху ќе ги спознае овие работи неговата љубов кон Аллах ќе се зголеми, неговиот иман ќе порасне, неговата желба за уште поголема покорност ќе се разбуди. Да не заборавиме на зборовите на Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, да кога ова име ќе се спомене за време на дова, таа ќе биде примена, и кога ќе биде побарано од Него, тогаш ќе му биде дадено.
Го молам возвишениот Аллах, да го доживееме значењето на овие убави имиња, да бидеме од оние кои во секоја ситуација Неговото највеличествено име ќе го спомнуваат и да бидеме од оние кои на Судниот ден ќе ја најдат наградата за она што го окупирале својот јазик, а тоа е спомнување на Највозвишеното негово име- Аллах.
Comentários