Далечната 1552 година, рускиот војсководец Иван Грозни ја освоил државата Татаристан, која во тоа време била позната како Бугарија на Волга, поради реката волга, која заедно со реката Кама течат низ оваа држава. Со освојувањето на Татаристан Грозни ја урнал старата позната Џамија во главниот град на државата Казањ, која била позната по своите 8 минариња.
Татаристан денес е република во составот на Руската федерација и се наоѓа во централното подрачје на федерацијата, на источното европско плато. Зафаќа територија од 67 847 км² на која територија живеат 3 822 859 жители, кои уште во 10-тиот век во голема мера ја прифатиле единствената Аллахова вера Исламот, а во 992-рата година Исламот е прогласен за државна религија.
Во борбите кога Грозни се борел да ја освои Татаристан, Шехид паднал еден од најпознатите Исламски алими кој потекнува од Татаристан Кул Шериф, а во негова чест, во 1996-тата година на истото место на срушената Џамија во Казањ, Винтимер Сајмиев, претседателот на Татаристан дава наредба да отпочне со изградба новата Џамија, која ќе го носи името на Шехидот Кул Шериф.
Така на 24.06.2005 година, свечено е отворена најголемата Џамија во Европа, Кул Шериф во Казањ, Татаристан, за чија изградба се потрошени 375 милиони рубљи, а изградена е Џамија со четири минариња од кои секое има висина од 57 метри, а главното кубе (Купола) се издига 39 метри.
Comentarios