top of page
Writer's pictureinfoislam

Најефикасен лек за вашето здравје

Здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест. Модерната наука го дефинира здравјето на луѓето како збир на „резервен капацитет“ на основните функционални системи.

Во оваа смисла, треба со нашиот начин на живот да го зголемуваме капацитетот на нашето здравје, бидејќи тоа не е само наша сопственост. Здравјето не го наследуваме, а со начинот на живот и односот кон него не само што влијаеме врз своето здравје, туку и врз животот и здравјето на нашите деца и генерациите кои доаѓаат. Здравјето на современиот човек најмногу го загрозува преобилната и несоодветна исхрана, недоволната физичка активност, стресот, загадувањето на животната и работната средина, штетните навики и лошата хигиена. Прекумерното јадење во комбинација со невро-емоционалното оптоварување предизвикува најголем број модерни болести на цивилизацијата: болести на мускулно-скелетниот систем, срцето и крвните садови, респираторниот систем, дигестивниот, како и разни невро-емоционални заболувања. Движењето како и оптималната физичка активност е услов за зачувување на здравјето на луѓето за нормално функционирање на органите и системот на човечкиот организам како целина.

Секое претерано ограничување на моторната активност е во контрадикција со биолошката природа на човекот. Тоа предизвикува различни проблеми и нарушувања на највиталните органи и функции на системот. Недостатокот на оптимална физичка активност најлесно и најдобро можеме да го надоместиме преку соодветни програми на рекреативни спортови. Ако сакаме да го зачуваме здравјето, да ги подобриме вештините, да спречиме, ублажиме и елиминираме многу здравствени проблеми и пречки, да се чувствуваме подобро,  полесно и да ни се зголеми работната способност, мора да настојуваме да ги оставиме пушењето, алкохолот, лошата исхрана, нехигиената, стресот и други фактори кои му се закануваат на здравјето, и да го зголемиме влијанието на факторите кои го чуваат и подобруваат здравјето на луѓето.

Систематското вежбање, правилниот избор на исхрана, добрата хигиена, комбинирано со медитацијата со молитва и моралниот кодекс претставуваат најефикасниот природен начин на зачувување и подобрување на здравјето.

0 views0 comments

Comments


bottom of page