top of page
Writer's pictureinfoislam

НАЈЛЕСЕН НАЧИН ЗА УЧЕЊЕ НА КУРАНОТ НАПАМЕТ

Д-р Абдул-Мухсин ел-Касим, имам и хатиб на Пратениковата џамија Начинот на учење на Куранот кој детално ќе го објасниме во наредните редови се одликува со јачина, темелност и брзина на памтење на Куранот, па до негово брзо учење напамет во целост. Овој начин на учење ќе го илустрираме со примерот од сурата кој следи:

1.Да се учи првиот ајет 20 пати عَمَّ يَتَسَاءلُون ) 2.Да се учи вториот ајет 20 пати عَنِ النَّبَإِ الْعَظِيمِ ) 3.Да се учи третиот ајет 20 пати الَّذِي هُمْ فِيهِ مُخْتَلِفُونَ ) 4.Да се учи четвртиот ајет 20 пати كَلَّا سَيَعْلَمُونَ ) 5.Да се учат овие четири ајети поврзано од првиот до последниот 20 пати 6.Да се учи петиот ајет 20 пати (ثُمَّ كَلَّا سَيَعْلَمُونَ ) 7.Да се учи шестиот ајет 20 пати (أَلَمْ نَجْعَلِ الْأَرْضَ مِهَاداً ) 8.Да се учи седмиот ајет 20 пати (وَالْجِبَالَ أَوْتَاد ) 9.Да се учи осмиот ајет 20 пати (وَخَلَقْنَاكُمْ أَزْوَاجاً ) 10. Да се учи од петиот до осмиот ајет поврзано 20 пати. 11. Да се повторуваат од првиот до осмиот ајет 20 пати, сега веќе научениот и потврден дел. Цврсто да се прифати и истрае на овој начин на памтење секоја нова страница од Куранот и нема да се зголемува ниту намалува учењето од 8 ајети дневно (и кога се во прашање подолгите ајети) Како ќе ја научиш новата страница наредниот ден? Ако сакаш да научиш нова страница наредниот ден (утредента), учи на истиот споменат начин. Меѓутоа, ден порано проучи ја повторно предходно научената страница 20 пати од почеток до крај, како твојот хифз би бил темелит, потоа прејди на паметење на следната страница. Како да се спои хифзот (паметењето) и повторувањето? Никогаш немој да го памтиш Куранот без повторување! Зошто, навистина, ако го памтиш Куранот страница по страница, сé додека не го научиш целиот Куран напамет, а потоа сакаш да го повториш наученото, ќе сфатиш дека си го заборавил она што си го учил. Затоа, е потребно да се спојува хифзот со повторувањето. На пр.: Ќе го поделиш себеси Куранот на три дела (секој дел по 10 џузеви) и учиш дневно една, а повторуваш четири страници. Така работиш се додека не научиш 10 џузеви. Кога ќе научиш 10 џузеви, застани со хифзот еден цел месец и помини го повторувајќи секој ден по 8 страници. После месец дена повторување на првиот дел (од 10 џузеви), почни со памтењето на вториот дел (10 џузеви) . Памти една или две страници дневно, зависно од своите можности, а повторувај 8 страници, се додека не научиш 20 џузеви. Кога ќе научиш 20 џузеви, повторно застани (одмор)со хифзот два месеци. Во текот на овие два месеци повторувај ги научените 20 џузеви, секој ден по 8 страници. После два месеци поминати во повторување, почни со хифз со една или две страници дневно, зависно од своите можности, сé додека не завршиш со комплетен хифз на Чесниот Куран. Кога завршиш со учењето на Куранот напамет, повторувај 10 џузеви еден месец, секој ден по половина џуз. Потоа помини на повторување на другите 10 џузеви еден месец, секој ден по половина џуз и читај ги првите 10 џузеви по 8 страници. Потоа прејди на последните 10 џузеви од Куранот (еден месец) повторувајќи половина џуз дневно, и со повторување на 10 страници од првите десет џузеви и 8 страници од вторите 10 џузеви. Како да се повторува целиот Куран кога завршиш со предходното повторување? Почни со повторување на целиот Куран така што ќе повторуваш два џуза дневно. Оваа постапка да се повтори три пати истиот ден (2 исти џуза повтори ги 3 пати дневно) Така секои две недели ќе го повторуваш целиот Куран. После година дена повторување на овој начин, добро ќе го научиш Куранот. Истрај на ова повторување цела година!

0 views0 comments

Comments


bottom of page