top of page
Writer's pictureinfoislam

Најчести причини за слабеењето на верувањето – иманот!

1.Честото и неконтролирано грешење со тек на времето станува мил и убав обичај за починителот, по што исчезнува неговото гадење кон тој грев во срцето, и по што грешникот преминува во фаза на „Муџахере“, т.е. јавно фалење со гревовите, што е и потврдено со хадисот на Пратеникот а.с. :

„На целиот мој уммет ќе му биде простено , освен на „муџахира“-луѓе кои ноќе ќе сторат некој грев кој Аллах ќе Му го сокрие, но тој кога ќе стане сабајле веднаш ќе каже: О ти и ти , вчера го сторив тоа и тоа!Тој преспал, и Аллах Му го сокрил гревот, но кога станал се тргнала Аллаховата прекривка врз него .“(Бухари)

2.Чувство на силна грубост и тврдост на срцето

-И тоа толку силна тврдост, како да чувствува да носи камен, од кој што ништо неможе да истече, и на кој што ништо неможе да влијае, а Аллах џ.ш. вели:

А потоа срцата нивни станаа тврди како камен и уште потврди!“(Ел Бекаре 74)

На таквио човек не влијаат опомената за смртта, ниту гледањето на мртвите луѓе, ниту испраќањето на џеназата (погребната церемонија); можеби ќе се случи и самиот тој мртвиот на своите рамиња да го носи, и ќе го закопа со свои раце, но тој покрај тоа ќе мине како покрај обични камења.

3.Непотполн ибадет (обожување на Аллах)-

Кога на луѓето ќе им бега присебноста и понизноста во намазот кој го клањаат или Куранот што го читаат или довите (молитвите ) што ги учат, не размислувајќи за зборовите и значењето на зикрот кој го прават. Човек на тој начин сето ова ќе го прави на механички начин (ако воопшто ги прави), со своето тело, додека душата ќе му биде изгубена, а Пратеникот а.с. вели: „Не се прима молитва која ќе се проучи од страна на немарно срце!“

4.Мрзливост во вршење на ибадетот и делата на покорност, со константно пропуштање и губење на истите, но и кога човекот ќе ги обавува тоа ќе бидат празни покрети кои не ги прати срцето и душата.

Опишувајќи ги лицемерите, Аллах џ.ш., вели:

Кога ќе тргнат молитва да извршат, мрзливо се движат…“(ел-Ниса ,142)

При сето ова иде и незаинтересираноста за времето кога молитвите повеќекратно се наградуваат што ни укажува на незаинтересираноста на човекот за да се здобие со наградите и правењето на добри дела.

Човек ќе го одложува аџилакот а спремен е да го изврши оваа година, или е во состојба е да се бори , а тој бега од бојното поле. Човекот се наоѓа блиску до џамија и може да го врши намазот во џемат, но тој не го прави тоа. Што со време го одбива и од клањањето на Џума намаз. Пратеникот а.с. кажал:

„Луѓето нема да доцнат во стигањето во првиот сафф, а да Аллах џ.ш. не ги фрли во Пеколен оган“(Ебу давуд)

Оваков човек нема да чувствува грижа на совест ако пропушти фарз намаз и не го клања на време или воопшто, а истото ќе го прави со намаските суннети и вирдови – ниту сака да ги наклања ниту размислува тоа да го надокнади тоа што пропуштил да го стори! Ваквиот човек настојува да го испушти сето она што не му е обврзително, како и сето тоа што е колективна и обврска на џематот (фард кифае). Ваквите често ќе им се случи да ги пропуштат и бајрам намазите, иако има Алими кои викаат дека ваквиот намаз е ваџиб(обврска) да се клања. На ваквите луѓе не им е паѓа на памет да клањаат при затемнување на Сонцето или Месечината; на ваквите луѓе не им паѓа да клањаат џеназе намаз и да испратат некој починат до неговиот гроб.

Оваквите луѓе бегаат од наградите и мислат дека нема да им бидат потребни ,додека Аллах џ.ш. ги опишува правите верницисо спротивно:

„А тие брзаа кон добрите дела, и молитвите ги упатуваа од страв и надеж, и понизни према Нам ни беа!“(Ел Енбија,90)

Во својата мрзливост наспроти извршувањето на ибадетите спаѓа и мрзливоста во обавување на суннети, духа намаз, ноќен намаз, порано идење во џамија, намаз за покајување или истихара намаз.

5.Теснотиа во градите, повлеченост, намуртеност, без сјај во лицето, и како да има на плеќите некој голем товар кој го притиска, заради кој брзо се лути , па и заради најмала ситница. Човекот чуствува теснотија во градите околу себе што го прави нељубезен и груб. Пратеникот а.с. го опишал верувањето со следните зборови: „Иманот е сабур-трпеливост и семаха-љубезност!“(Муснед ибн Ханбел)

Верникот е опишан со следниве зборови:

„Верникот ги сака другите луѓе и сакан е од нив и нема добро во човек кој не ги сака другите и кого другите не го сакаат!“(Муснед Ахмед Ханбел)

6.Куранските ајети не оставаат впечаток на човекот со слаб иман. Ниту ајетите на награда, ниту ајетите на казна, ниту ајетите на наредба, ниту ајетите кои ги опишуваат стравотиите на Судниот ден. На личноста со слаб иман и е досадно да го слуша учењето на Куранот, ниту сам може да истрае во учењето и читањето на Куранот. Кога и да го земе Куранот во раце, и почне да чита веднаш гледа да го затвори!

Аллах да не сочува и упати!

Подготвил: Сеад Ј.

0 views0 comments

留言


bottom of page