top of page
Writer's pictureinfoislam

Не се откажувај

Секогаш кога нема да успееме се јавува чувство на немоќ и потиштеност. Тоа чувство е едно од најбезвезните чувства на светот. Не дозволувај да те скршат тие чувства. Но колку од нас се грижат за вистинските проблеми за висинскиот мир? Колку од нас се задоволни со тоа што веќе го имаат.  Сите грижи ни се поврзани со материјалните работи и материјалните неуспеси. Губитокот на пари и имот се наша најголема грижа денес. Понижение ни е да јадеме на некои места или да не видат со некои луѓе само затоа што немаат висок статус.

Наместо едноставност и отвореност сме се затвориле во стаклени ѕвона во кои провејуваат само луѓе кои нам ни одговараат. Сме ги затвориле нашите врати на сиромашните и бедните, на оние кои живеат смирено и без многу материјални маки. Заради тоа немој да те обзема грижа за губиток кога се работи на материјален план. Загрижи се тогаш кога духовното ќе изгубиш. Зошто се грижиш за некои небитни караници со сопруга, со родител или пријател, кога твојот успех е и нивен успех, и утре ќе мора да продолжиш да живееш со нив. Биди задоволен со тоа што го имаш и имај онолку колку се чувствуваш задоволен.

За да успееш да не паднеш во очајание погледни на тие под тебе и сети се каде си бил .И да немаш ништо свое, тука е твојот живот, твојот интегритет и тука си ти на оваа планета и со можност да го промениш својот живот. Секој неуспех нека ти биде повторна можност и повторен обид да успееш.

Докторката Керол Алексис, која е воедно добитник за нобелова награда за медицина го вели следното: „Работниците кои не знаат како да се спротистават со немирот и стресот умираат порано“ Немирот кој ќе ти се јави поради неуспех замени го со смирение и подобри ги своит перформанси. Сигурен сум дека грешката ќе се исправи ако студиозно и пристапи, сето друго може да води кон повторен неуспех.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page