top of page
Writer's pictureinfoislam

Не слушај секогаш што другите говорат

Понекогаш изгледа лесно да се послушаат туѓите забелешки, мислења за да добиеме некоја конструктивна критика или мислење. Често при тоа може да слушнеме и беспоштедни критики на сметка на другите и тоа од луѓе кои често не се ни малку различни од тие што ги критикуваат. Не прифаќајте критика од луѓето од кои не би примиле совет.

 Доколку решиме да ги послушаме би паднале во депресија или безнадеж и наеднаш би згаснала желбата која во нас тлеела да успееме. На тој пат ќе се сретнуваш со луѓе кои со својата суровост и намерна пакост нема да те остават намира со своите подли критики и зло.

Photo by Pixabay on Pexels.com

Кај некој од вас тоа ќе предизвика бес и желба за одмазда но нема друг пат освен да се спротиставиш на ваквите постапки или во најдобар случај да молчиш. Кучињата ќе лајат а караваната ќе врви. Тие се лути на тебе бидејќи си ги претекнал во твојот одгој, во твојот морал, во твоите добри дела, во твоите заслуги да дејствуваш самостојно, да напредуваш умствено, да учиш, стекнуваш заслужено материјално богатство и на крајот да имаш солидно влијание во општеството. Наместо кај нив, луѓето доаѓаат кај вас по совети исо тоа тие губат значење, а нивната подлост ги одвела за нив заслуженото место. Доколку и ти постапиш како нив и ти ќе бидеш ист.

Затоа биди дарежлив и кон нив и со тоа победи ги засекогаш со својата добрина и својот однос на џентламен. Нека не ти прави тага нивното сплеткарење и нивните интриги. Сето тоа ќе исчезне кога ќе видат дека немаат никакво влијание на твојата свест и на твојот карактер. Не може секој да те сака и почитува и да мисли дека ти си добар. Тоа не го очекувај, туку биди подготвен и тие за кои што мислиш дека се најблиски и најдобри со тебе на патот кон твојот успехот да ти го свртат грбот. Не очекувај  благодарност од тие луѓе иако си им помогнал. Тоа што си го правел си го првел заради себе а не поради самите нив. Твојот пат и начин те направиле да бидеш подобар човек и тоа е она што те прави голем. Самото приговарање нема да ти ги врати изгубеното време и да ти донесе добит.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page