top of page
Writer's pictureinfoislam

Ние веруваме во Исус (1 дел)

автор: Солиман Н. Албути)

 Го подготвивме и уредивме овој труд, за на Судниот ден да не бидеме обвинети од Бога, дека сме ја криеле вистината. Со овој труд ние не сакаме да му угодуваме некому како тој би бил задоволен со нас, ниту да одоброволиме некого, но се стремиме само да Му угодиме на Бога и Бог да биде задоволен со нас. Во Светиот Куран пишува:

„Кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во она што ни е објавено, и во она што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во она што му е дадено од Господарот нивни на Муса, и на Иса, и на пратениците пред нив. Меѓу нив ние не правиме никаква разлика. И на Аллах сме Послушни!“ (сура Ел-Бекара, 136)

Како муслимани, ние веруваме во Единствениот Создател и во сите Негови пророци, меѓу кои што е и Исус (мир да е врз него), кого го сметаме за еден од најголемите Аллахови пророци. Прифаќаме дека тој бил Месиј, и Аллахов Збор, и дека е роден на необичен начин, без татко. Убедени сме и во тоа дека според Аллаховата волја ги воскреснувал мртвите и ги излекувал слепите и лепрозните. Светиот Куран силно ги потенцира најважните аспекти за мајката на Исус (нека е мирот врз него), за неговото раѓање, за неговата мисија и неговото издигнување на небо.

Дева Марија

Историјата на Исус во Светиот Куран започнува со зачнувањето на мајка му Марија; кога Имрановата сопруга (мајката на Марија) дала завет дека ќе го испрати своето дете во Храмот за да Му служи на Аллах. Тоа се каќува во следните ајети:

„Господаре, ова што е во утробава Тебе ти го ставам во служба, навистина! Па прими го од мене. Ти си Слушач и Зналец!“ И бидејќи се породи, рече: „Господаре, родив женско“, а Аллах знае што роди таа – „а машкото не е како женското“. И дадов име Мерјем. „И, навистина, во пазувите Твои, ги склонувам неа и потомството нејзино од шејтанот проколнат. И Господарот нејзин, тогаш, ја прими убаво и ја порасна убаво. И на Зекерија ја довери на чување. Секој пат кога Зекерија ќе влезеше во Светилиштето ќе најдеше храна кај неа. Велеше: „Од каде ти е ова, Мерјем?“ Таа велеше: „Ова е од Аллах“. А, Аллах навистина, снабдува неизмерно кого сака! (сура Ал-Имран,33-37)

Во Светиот Куран се говори дека Семоќниот Аллах ја избрал Марија, ја прочистил, и ја издигнал над сите жени во светот. Тоа се спомнува во следните ајети:

„И кога мелеките рекоа: ’О Мерјем, Аллах, навистина, те одбра и те очисти; Он те одбра над сите жени на светов! О, Мерјем, биди Му потчинета на Господарот твој! Падни Ми на сеџде, и поклони се со оние кои се поклонуваат!’“ (сура Ал-Имран 42-43)
0 views0 comments

Comments


bottom of page