top of page
Writer's pictureinfoislam

Ние веруваме во Исус (2 дел)

Необичното раѓање на Исус (нека е мир врз него!)

За раѓањето на Исус (нека е мир врз него) Аллах говори во Куранот, во сурата Мерјем:

„И спомени ја Мерјем во Книгата кога таа се оддалечи од семејството свое на едно место кон исток. И постави, тогаш, завеса меѓу нив и меѓу неа и Ние го испративме нашиот Дух и и се претстави како човекот еднакво! Рече: „Јас се склонувам од тебе кон Милостивиот ако си богобојазлив.“ Тој рече: „Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.“ Таа рече: „И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?“ Тој рече: „Ете, така ти е. Господарот твој рече: „Тоа е лесно за Господарот твој. Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна. Таа работа веќе е решена.“ И тогаш таа остана бремена и се оддалечи во едно место далечно. И породилните болки ја присилија да дојде до едно стебло од урма, и рече: „Тешко мене! Зошто не си умрев пред ова и за секој пат да бидам заборавена?“ И ја повика глас под неа: „Не жалости се, Господарот твој, одреди под тебе да потече извор. И стреси од урмината гранка, ќе попаѓаат врз тебе свежи урми. Па, јади, пиј и биди радосна! Ако здогледаш некого, кажи: „Да, јас ветив да постам за Милостивиот, и денеска со никого нема да разговарам!“ Потоа таа дојде кај народот свој, носејќи го детето. И рекоа: „О, Мерјем, ти направи нешто, секако, невидено! О, сестро Харунова, твојот татко не беше лош, а и мајката твоја не беше нечесна!“ И таа даде ишарет кон него. Оние рекоа: „Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна.“ Рече: „Јас сум, навистина, роб Аллахов; ми даде Книга и ме одреди за пејгамбер! И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми остави во васиет и намаз и зеќат сè додека сум жив, да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг. Нека е селам на мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан.“ Ете, тоа е Иса синот на Мерјем, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат. На Аллах не му доликува да има дете. Возвишен е Он! Кога ќе реши за нешто само ќе рече: „Биди!“ – и тоа, токму, ќе биде! Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш! Па, обожавајте Го! Ова е патот вистински!“ (сура Мерјем, 16-36)

Исус (нека е мир врз него) син на Марија

Црквата тврди дека Исус е „единороден Аллахов син“ и дека Аллах се состои од три личности: Отец, Син и Светиот Дух – сето тоа истовремено! Освен тоа римокатолиците ја воздигнуваат Марија до божество како „Божја мајка.“ Исламот во потполност ги отфрла тие тврдења. Аллах во Куранот говори:

„Сосем не веруваа оние кои зборуваа: „Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем.“ А, Месих зборуваше: „О, синови Израилови, обожавајте го Аллаха – Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе Му припише здруженик, Аллах му го забрани Џеннетот и престојувалиштето негово е – огнот! Зулумќарите немаат поддржници никакви! Сосем не веруваа оние кои зборуваа: „Аллах е еден од тројцата.“ Нема друг Бог освен еден Бог. А ако не престанат со она што го зборуваат – оние кои не веруваат од нив – за нив ќе има казна болна. Не се кајат ли и не бараат ли прошка од Него? А, Аллах е Простувач и Сомилосен! Месих, синот на Мерјем, е само пејгамбер. И пред него поминаа пејгамбери многу. А, мајката негова беше искрена. И двајцата беа јаделе храна. И погледни како Ние им ги објаснуваме знаменијата; потоа погледни како кинисуваат!“ (сура Ел-Маида, 72-75)

(Евреите не веруваат дека пророкот Иса, нека е мирот врз него, е роден од беспорочна и мудра жена, ја хулат мајка му и тврдат дека тој бил зачнат и се родил во блуд. Светиот Куран ја отфрла таа клевета раскажувајќи претходно како пророкот Иса бил зачнат на чудотворен начин, а тука се споменува дека мајка му е праведна и непорочна. Освен тоа, со еден несоборлив доказ Куранот ја отфрла и ја докажува апсурдноста на тврдењето на христијаните за божественоста на Исус и мајка му бидејќи и двајцата се хранеле и чувствувале глад и жед, па зарем тие се богови?)

Наместо тоа, муслиманите тврдат дека чудесното раѓање на Исус (нека е мирот врз него) без татко, воопшто не го прават Бог или „зачнат“ Аллахов син. Аллах во Светиот Куран кажува:

„И рекоа: ’Аллах си присвои дете’. Славен Нека биде Он! Но, не! Сè што е на небесата и на Земјата е Негово! И на Аллах сè се потчинува! Аллах е Создател на небесата и на Земјата, и кога ќе реши за нешто, ќе реќе: „Биди!“ – и тоа, токум, ќе биде (сура Ел-Бекара, 116-117)

Во Светиот Куран Аллах го кажува исто така и ова:

„Кажи: ’Он, Аллах, Еден е! Аллах – Засолниште. Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!’“ (сура Ел-Ихлас, 1-4)

(Едно од најпрекрасните имиња на Севишниот Аллах ас-Самад тука е преведено како „Засолниште (на сите светови)“, но овој збор има неколку значења: Тој е Оној кон кого се ображаат созданијата кога се во нужда; Тој е Вечноживиот Кој што ќе постои и откако ќе престане да постои вселената; Тој е Врховниот Законодавец Кој што не му се покорува никому, туку сите Нему Му се потчинуваат; Тој нема потреба од храна и од пијалок за разлика од Неговите творби.)

Раѓањето на Исус не било нешто понеобично од создавањето на Адам. Аллах го спомнува тоа во Светиот Куран:

„Да, кај Аллах примерот на Иса е сличен на примерот на Адем: Он од земја го создаде, а потоа рече: ’Биди!’ – тој, токму би.“ (сура Ал-Имран, 59)

(автор: Солиман Н. Албути)

0 views0 comments

Σχόλια


bottom of page