top of page
Writer's pictureinfoislam

Ние веруваме во Исус (3 дел)

Задачата (мисијата) на Исус (нека е мирот врз него)

Нашиот Создател ги пратил пророците за да им го покажат Вистинскиот Пат на луѓето. Исус (нека е мирот врз него) бил еден од тие пророци, кого Аллах го подготвил за да го испрати кај Евреите (децата на Израел) кои што застраниле од учењето на Мојсеј (нека е мирот врз него). Аллах го научил на Писмото, мудроста, Стариот Завет и Евангелието и го поткрепил со безбројни чудеса, за на тој начин да докаже дека е пратеник на Аллах.

Во Светиот Куран, Аллах говори:

„И кога мелеките рекоа: „Мерјем, Аллах, навистина, ти донесува радосница; од Него збор: името му е Месих, син на Мерјем, ќе биде виден и на овој свет и на Ахирет и еден е меѓу блиските на Аллах. Ќе им зборува на луѓето додека е во крошната, и кога ќе биде голем и ќе биде меѓу добрите луѓе“. Таа рече: „Господаре наш, како ќе имам дете кога ниеден маж, навистина, не ме допрел?“ Он рече: „Ете, така Аллах со посак Свој создава: кога нешто ќе реши само ќе рече: „Биди!“ – и тоа, токму, ќе биде.’ И он го поучи и со Книгата, и со Мудроста, и со Тевратот, и со Инџилот, и, ете, пејгамбер до синовите Израилови: ’Ви дојдов со знамение од Господарот ваш. Ќе создадам за вас нешто, навистина, од кал што ќе биде слично на птица и ќе дувнам во него. И со одобрението Аллахово, ќе стане птица; ќе излечам слеп и лепрозен и ќе оживеам умрен, со одобрението Аллахово; ќе ви кажувам што јадете и што збирате во домовите ваши, со одобрение Аллахово. Ако сте верници, ете, во тоа, навистина, имате знамение, и, еве, тука сум да го потврдам Теврат и да ви дозволам нешто од она што ви беше забрането; и ви доаѓам со знамение од Господарот ваш. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!“ (сура Ал-Имран, 45-50)

Треба да се објасни дека муслиманите веруваат во тоа дека Исус (нека е мирот врз него) ги проповедал така наречените „радосни вести“ на Аллах, но не ги признаваат сегашните „четири евангелија“ како автентични Исусови кажувања. Црквата дури признава дека четири различни мажи ги напишале четирите евангелија и потврдуваат дека тие биле вдахновени од Бога; тоа е едно тврдење кое што ние решително ги отфрламе. Може да се аргументира со тоа дека ако тие четири евангелисти биле вдахновени од Бога, тогаш зошто има толку многу сериозни противречности и пропусти во нивните лични извештаи за животот на Исус?

Втората задача на Исус (нека е мирот врз него) била да го објави доаѓањето на последниот пророк кој што требало да дојде после него. Семоќниот Аллах тоа го потврдува во Светиот Куран:

„И кога, синот на Мерјем, рече: „О, синови Израилови, јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосница за пејгамберот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед. И бидејќи им дојде со јаснотии, рекоа: „Ова е волшебништво јасно! (сура Ес-Сафф, 6)    

Новиот Завет говори за доаѓањето на еден „утешител“ кој што требало да дојде откако мисијата на Исус е завршена (Аллах да го зачува и запази во чест). Некои христијани веруваат или им беше кажано да веруваат дека т.н. „утешител“ е „Светиот Дух“, но тоа тврдење не може да иде прифатено бидејќи „Светиот Дух“ постоел уште во вбремето на Исус и негвоото доаѓање не е настан што треб ада се случи во иднина. Затоа муслиманите се убедени дека изразот „утешител“ е, без сомнение, наменет за еден друг пророк. Тоа е Мухаммед (мирот нека е врз него), неукиот пророк, единствениот пророк кој што донел едно потполно, детално Откровение од Аллах кое што е сочувано во неговата првобитна форма и кое што го предизвикува целиот свет да создаде дури само еден сличен ајет или сура. Сеуште светот не може да одговори на тој предизвик и така ќе остане до крајот на светот. Тоа е чудо над чудесата, упатено кон целиот свет – последно завештание на верата кое што содржи потполна светлина и упатство, како и осуда на гревовите.

0 views0 comments

Comments


bottom of page