Исус (нека е мирот врз него) ќе биде воздигнат на небо
Исус (нека е мирот врз него) имал неколку ученици, свои следбеници, кои што Аллах ги определил за да го поткрепат и да го пазат. Во меѓувреме неверниците планирале да го убијат Исус (нека е мирот врз него), но се исполнила Аллаховата волја како што Он ни говори во Светиот Куран:
„И бидејќи Иса го усети неверувањето нивно, рече: ’Кои ќе ми бидат поддржници кон Аллах?’ Учениците рекоа: ’Ние ќе бидеме поддржници Аллахови, во Аллах веруваме, а ти биди сведок дека ќе бидеме, навистина, Послушни! Господаре наш, ние веруваме во она што го објави и го следиме пејгамберот. Па, запиши нè меѓу сведоците!’ И неверниците измислуваа сплетки, но Аллах ги отстрануваше, зашто Он е Најдобриот во тоа! Кога Аллах рече: ’О, Иса, навистина, ќе те земам и ќе те воздигнам кон Мене, и ќе те очистам од оние кои не веруваат и ќе определам оние кои те следат да бидат над оние кои не веруваат, на Денот суден. Потоа Мене ќе ми се вратите па ќе ви пресудам за она за што станавте деленици!’ А, што се однесува, пак, до оние кои не веруваа ќе ги казнам со казна жестока и на овој свет и на Ахирет; ќе немаат свои поддржници!“ (сура Ал-Имран, 52-56)
Како што се подразбира од горните ајети, Исус бил воздигнат на небо, а тоа според Светиот Куран значи дека не бил распнат на крст. Планот на непријателите на Исус (нека е мирот врз него) бил да го распнат на крст за да умре, но Аллах го сочувал и така некој друг, кој што изгледал како Исус бил распнат. Во врска со тоа и со грешните тврдења што биле искажани за сметка на Марија, се гледа како на гревови на неверните Јудејци. Тоа се објаснува во следните ајети:
„…и заради неверувањето нивно во ајетите Аллахови и убивањето на пејгамберите бесправно, и зборувањето нивно: ’Срцата наши се замрачени.’ Но, не! Аллах нив ги запечати со неверувањето нивно. Па, само малкумина веруваа, и заради неверувањето нивно, зборувањето нивно и клеветите големи за Мерјем и заради изјавата нивна: ’Да, ние, навистина, го убивме Христа’ Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пејгамбер. Не го убија, и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа… Не го убија сигурно, туку Аллах го подигна кон Себе. Аллах е Силен и Мудар! И никој од Следбениците на Книгата нема сигурно да не поверува во тоа пред смртта своја; на Денот суден ќе биде сведок против нив.’“ (сура Ен-Ниса, 156-159)
На крај сведочиме дека нема друг Бог освен Аллах и дека освен Него, не постои ништо друго , кое што е достојно за почит. Убедени сме во тоа, дека никој не е еднаков со Него и дека Мухаммед е Негов слуга и пратеник. Исто така сме сигурни дека Исус, синот на Марија, е Аллахов слуга, Негов Пратеник, Негов збор (Биди! И тоа токму ќе биде!), што и го дал на Марија и дека е душа создадена од Него. Ние прифаќаме дека сите пратеници се браќа и дека нема разлика во нивните религии. Религијата е една „исламот“ (или верата во Едноштвото на Бога).
Сведочиме дека Рајот постои, дека и Пеколот постои и дека Аллах во Денот на Страшниот Суд ќе ги воскресне луѓето од нивните гробови. И тоа онака како што Аллах кажува во Куранот:
„Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет и на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: ’Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!’ Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа.“ (сура Еш-Шура, 13)
Тоа е нашето послание. Во Денот кога секој ќе прими награда за своите дела, ќе посведочиме дека го доставивме посланието на вистината, и дека оставивме секој човек да одлучи сам, дали ќе го прифати или ќе го одбие, дали ќе ја следи вистината или ќе остане во темнината (мракот – тука се мисли на мракот на незнаењето).
Севишниот Аллах кажува во Куранот:
„Аллах! Нема друг Бог освен Него! Жив и Постоен! Не го обзема ни дремка ни сон. Сè што е на небесата и на Земјата е – Негова! И кој може кај Него, без одобрението Негово, да се заземе!? Он го знае и она што е пред нив и она што е зад нив. И од знаењето Негово, само со посак Негов, оние мал дел опфаќаат. Претсолот Негов поширок е и од небесата и од Земјата. Чувањето на овие не е никаква тешкотија за Него. Он е Вишен и Голем!“ (сура Ел-Бекара, 255)
댓글