Сум растела како католик. Во текот на основното образование нашите родители не испратија во католичко школо за да ја учам католичката вера.
Во високото образование бевме зрели за да одлучиме дали ќе продолжиме да учиме за католичката вера или не, или ќе изучуваме друга религија. Тие единствено сакаа да не научат дека во светот постојат многу вери и дека постои само еден Бог.
Продолжив да одам во локалната црква и се запишав на факултет. Меѓу првите предмети беше и „Верските студирања – светска перспектива“. Професорот не учеше за секоја вера вклучувајќи го и Исламот. Да кажам право бев восхитена од исламскиот период бидејќи се што не учеа можев да го практицирам. Си велев со себе : „Сега го направив ова, веќе го направив ова, го разбрав ова и др“. Потоа почнав да читам малку повеќе книги околу Исламот и исламскиот начин на живеење и почнав да мислам за мојот живот. Мислев зошто никогаш не се прилагодував во текот на средното образование , па дури и во текот на факултетот во тоа време. Оваа бидејќи јас никогаш не сум направила состанок ( да излезам со момче ), но и не сакав. Никогаш не ме бакнало ниту едно машко затоа што сакав да седам дома и да се грижам за моите родители ( се уште го правам тоа ) и др. Многу од моите пријателки имаа такви љубовни состаноци и останале бремени, а јас сметав дека тоа не е чесно бидејќи сакав да останам како што бев се до мојата свадба. Не знам зошто, но тоа го чувствував длабоко во себе и се уште стојам на тоа. Исто така, никогаш не сум пиела алкохол и не сум јадела свинско месо. Не сум пробала ниту сакам да пробам. Друга причина зошто почнав да се заинтересирам за Исламот беше начинот како се третираа родителите во Исламот. Имав стипендија за студирање на медицина во Харвард, но ја одбив за да седам дома и да се грижам за моите родители ( тие беа околу 70 годишни и многу болни ). Секој кој ме знаеше велеше дека сум луда што правам такво нешто! Јас секогаш им велев дека моите родители секогаш правеле се и сешто за мене, жртвувале многу за мене и ова е само едно добро што го правам за нив. Тоа што не го знаев низ целото ова време беше фактот што муслиманите ги ценеа луѓето кои правеа ваквото нешто и ова ме направи среќна, бидејќи знаев дека некој не го потценува тоа што седев дома грижејќи се за моите родители. Накратко кажано, верувам дека припаѓав ( и се уште припаѓам ) на муслиманско семејство. Чувствував дека отсаството на мир во мојот живот сега е исполнето. Ова, бидејќи се што правеа муслиманите, начинот на кој тие делуваа, начинот како се облекуваа, начинот како јадеа, се, јас веќе го имав направено – само што не знаев или не разбрав зошто не можев да се прилагодам со пријателките католици толку многу како што тоа го правам со муслиманските сестри и моето муслиманско семејство… Се надевам дека од овој натпис ќе разберете зошто станав муслиманка, Стејси.
Земено од http://www.pertymoter.net
Comments