top of page
Writer's pictureinfoislam

Ништо не е случајно

Често се жалиме на негативните работи кои ни се случуваат заборавајќи дека ништо не е случајно и дека се се случува со причина. Си бил еден крал кој не верувал во Божјата добрина имал еден роб кој во сите ситауции знаел да каже: “Кралу мој, немојте да бидете обесхрабрени, се што прави Бог е совршено. Тој не греши.“

Еден ден по кој знае пат отишле заедно на лов. Во текот на ловот едно диво животно во самоодбрана го нападнало кралот. Неговиот роб успеал да го убие животното но не успеал кралот да не го изгуби својот прст. Лут и без никаква благодарност што е спасен го прашал робот: “Дали е Бог добар? Да беше добар јас немаше да бидам нападнат и немаше да го изгубам прстот.“

Робот му одговорил: “Кралу мој, и покрај се, јас можам да ви кажам дека Бог е добар и Тој знае зошто сето тоа се случило. Се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши.“

Бесен поради неговиот одговор кралот наредил да го фатат робот и да го затвор во најмрачната темница.

После месец дена кралот повторно отишол на лов, но овој пат сам. За негова несреќа, по кратко бркање и борба го фатиле некои дивјаци кои од памтивек обавувале ритуално жртвување на луѓе. На олтарот за жртви забележале дека нивната жртва нема еден прст. Согласно со нивните обичаи за жртвување, само здрава и целосна жртва може да им биде понудена на нивните богови. Затоа го ослободиле кралот.

Кога се вратил во палатата наредил да го ослободат кралот и радосно го примил и рекол:

“Бог навистина беше добар спрема мене! За малку ќе ме убиеја едни дивјаци и кога видоа дека немам еден прст, ме ослободија. Но, имам едно прашање, ако бог е толку добар, зошто допушти јас да те ставам тебе во затвр?“

Робот одговорил: “Кралу мој, да дојдев јас со тебе во лов, и мене ќе ме фатеа и сигурно ќе ме жртвуваа бидејќи јас не сум без еден прст. Запомни, се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши, ти допушти да ме ставиш во затвор за да не би дошол со тебе во лов.“

Често се жалиме на негативните работи кои ни се случуваат заборавајќи дека ништо не е случајно и дека се се случува со причина. Секој ден барај го Бог и не заборавај дека Тој никогаш не греши и се прави совршено.

0 views0 comments

Commenti


bottom of page