top of page
Writer's pictureinfoislam

Новата космичка теорија го потврдува исламското теолошко тврдење за небото

Каков е обликот на универзумот? Тоа е многу тешко може да се измери, но со години на податоци и набљудување, досегашните космолошки модели и физиката сугерираа дека е рамен.

Испратете зрак на фотони низ целата празнина во универзумот и само ќе продолжи во права линија. Новата студиска расправа кажува поинаку. Врз основа на податоците објавени минатата година собрани од сателитот „Планк“ на Европската вселенска агенција, астрономите расправаат дека универзумот е всушност заоблен и затворен, како балон кој се дува во облик на сфера.

Според меѓународен тим астрономи предводени од Елеонора Ди Валентино од универзитетот Манчестер во Велика Британија, нивните откритија претставуваат „космолошка криза“ што повикува на „драстично размислување на тековниот модел на космолошка согласност“.

Едно друго истражување укажа на зачудувачко откритие на унгарско- американски тим на астрономи, кој откри огромна прстенеста структура која навистина постои во универзумот. Истражувачите откриле прстен од девет експлозии на гама зраци (GRB) – најсјајни настани во универзумот — со дијаметар од околу 5 милијарди светлосни години, који имаат скоро редовна кружна форма, истакнувајќи дека постои само една во 20.000 веројатности дека оваа дистрибуција на гама зраци е случајна. Тие ги објавија своите наоди во Кралското астрономско друштво.

Исламско толкување за Небото над нас

Ибн Џерир во својата книга„Историја“исто така пренесува дека:„Во врска со зборовите на Возвишениот „А Неговиот Престол беше на вода“, Ибн Абас р.а. бил запрашан и рекол : „таа вода е на крилјата на ветерот (таа вода лебди), а  небото и Земјите(планетите) и се што е на нив опкружени се со мориња(безвоздушен простор-темна материја), и сето тоа е окружено со огромно здание , а тоа здание го окружува Курсијј. Вехб тоа „огромно здание “го протолкувал како како краеви на небото(универзумот) који ја окружуваат земјата и морињата како огромен шатор. Некои тврдат дека под помот „Курсиј“ се мисли на осмата сфера , која уште е наречена и сфера на „постојани ѕвезди“ Дали ова исламската традиција  ќе го занегира целосно бидејќи доаѓа од некои следбеници блиски до илмул келамот, зависи од тоа дали ќе се пронајдат научни докази во прилог на таа теза.(Извадок од Создавање на светот- хафиз Ибн Кесир)

Некои преставници на Илмул Келамот сметаат дека Аршот е со кружен и заоблен облик и дека го окружува светот од  сите страни и затоа уште го нарекуваат и девета сфера или сфера на Атлас. Значи по нив после  7-те сферни неба доаѓа рајот кој има 100-ци степени  и помеѓу секои два степени е раздалеченост како помеѓу небото и Земјата, по што се наоѓа Аршот. За  кое што толкување Ибн Абас и Саид Ибн Џубејр кажале дека тоа значи:„Тоа е неговото знаење“

Исто така Ибн Абас р.а. кажал :„Курси е Неговото стапало, а големината на Аршот единствено Аллах ја знае.“ Ибн Џерир пренесува дека: „Седумте неба спрема Курсиј се како седумте парички фрлени во пустина.“

Како може да се објаснат сите овие информации кои ги пленат срцата на верниците и ги изненадуваат најголемите научни умови, освен со тоа дека потекнуваат од Семоќниот Создател на сето ова што ни го краси нашето Небо и пространството кое не опкружува. Сета благодарност Му припаѓа на Аллах Господарот на световите.

0 views0 comments

Commentaires


bottom of page