top of page
Writer's pictureinfoislam

Носете широка облека


Додека ги носат своите омилени претесни фармерки, модните жртви го губат чувството во нозете и страдаат од мералгија парестетика, односно губење на осетот во надворешниот дел на бедрата, кој предизвикува притисок на дел од феморалните(бедрените) нерви во пределот на препоните.

Како резултат на тоа, жените често чувствуваат пецкање и трнење во нозете. Оваа непријатна состојба е позната како „синдром на трнење на нозете“, а жените, кои ја искусиле на своја кожа, велат дека предизвикува чувство на одземеност на нозете.

„Синдромот на умртвени бедра“ се јавува поради постојаниот притисок на бедрените нерви, а во случајот на модните жртви виновникот за притисокот се тесните фармерки. Симптомите најчесто ги чувствуваат оние кои поради работата носат тесни ремени или облека, како на пример, градежните работници, трудниците и жените со вишок килограми, но најмногу се забележуваат кај младата трендсетерска популација.

Опасноста по здравјето се зголемува доколку тесните фармерки ги носите во комбинација со високи потпетици кои придонесуваат карличниот дел на телото да оди уште понапред, што дополнително ја влошува целата ситуација. За среќа, лекарите велат дека умртвеноста е привремена и може целосно да се ослободите доколку носите поширока облека.

Тоа значи дека удобноста е клучен фактор.

Божјиот Пратеник Мухаммед а.с. препорачал да се носи широка облека и тоа денеска освен практична верска причина, наоѓа доказ и во медицината и здравјето на секој човек.

__________________

0 views0 comments

댓글


bottom of page