Ноќта на одредбата
Возвишениот Аллах во сурата Ел Кадр вели: „Куранот, Ние, навистина, почнавме да го објавуваме во ноќта Кадр.
А знаеш ли ти која е таа ноќ Кадр? Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци. Во таа ноќ се спуштаат мелеците (ангелите) и Џибрил со одобрението на Господарот нивни, поради секаква одлука. Сигурноста е во неа се до појавата на зората“.
Ноќта Кадр има посебна вредност која се гледа од следново:
Таа е на висок степен кај Возвишениот Аллах.
Подобра е од илјада месеци во кои ја нема Ноќта Кадр. Тоа изнесува осумдесет и три години и четири месеци.
Во таа ноќ мелеците се спуштаат во голем број, така што нивниот број ја надминува бројката на камења на Земјата.
Величенствениот Куран е објавен во оваа ноќ.
Постои голема можност луѓето да се спасат од казна поради добрите дела кои ги прават во оваа ноќ, но и поради милоста, простувањето и ослободувањето од Огнот со кои во неа Возвишениот Аллах ги опсипува Своите робови.
Тоа е благословена – мубарек ноќ бидејќи изобилува со многубројни добра, посебности и одлики.
Кој оваа ноќ ќе ја помине во намаз, верувајќи во нејзината вредност и во Аллаховото ветување во неа, и надевајќи се на наградата која во неа е ветена, ќе му бидат простени гревовите кои порано ги направил.
Да се потрудиме оваа вредна ноќ да ја поминеме во ибадет и да ја побараме во последните десет ноќи на Рамазан, да ја заслужиме опроста за нашите гревови кај Аллах.
Comments