Популарниот весник Билд објави во своето електронско издание дека Вернер Клаун (Werner Klawun) застапникот на екстремната десно наклонета Национал-демократска странка на Германија во Дрезден во својата 75-та година го прифатил исламот.
Тој веднаш се ставил на располагање на избеглиците кои се наоѓаат во неговиот град а кој го смета за поаѓалиште на антисламската кампања на запад, од каде и е покренато движењето ПЕГИДА. Весниците ја пренесоа неговата изјава во која истакнува дека неговото прифаќање на исламот и оставањето на идеите на екстремната деница претставуваат важен пресврт во неговиот живот, напоменувајќи дека оваа промена започнала после неговото лично преиспитување со самиот себе, по неуспешното кандидирање за советник во општина Дрезден. Клаун вели дека својот пат кон исламот го започнал со читање на „Диван“, книга на германскиот поет Гете, по што го прочитал и преводот на Куран на Германски јазик, по што донел одлука да го прифати исламот. Од екстремен и ксенофобичен политичар Вернер сега станал муслиман со име Ибрахим. По прифаќањето на исламот не сметал дека е доволно само да раскине со неговот учество во екстремната десница, туку морал нешто да стори да би го анулирал своето негативно влијание дотогаш. Откако во 2014 го напуштиле неговата жена и пет деца, во својот дом примил 4 сириски избеглици со кои живее како ново семејство. „Доколку моите 900 евра пензија не ми се доволни, тие ми даваат од својата храна. Сега тие се моето семејство“ – кажал Клаун.
Comments