Таа само за три месеци од девојка која уживала на забавите на Ибица се претворила во покриена муслиманка а пријателите се уште сметаат дека се работи за нејзини привремени чекори.
Хедер Матеус(27) тврди дека исламот и донел љубов и среќа која никогаш неможела да ја пронајде во својот плиток начин на живеење.
Оваа мајка на две деца прифатила ислам пред само еден месец и тоа два месеци по враќањето од Ибица. Сега тврди дека тие стари фотографии кои биле направени по тие одмори се показател на сето што е лошо во едно Западно општество и рабирање на убавина.
„Исламот ме научи за вистинската љубов и среќа а не на лажни страсти. Сега дури можам да ја видам логиката во договорените бракови“- тврдиу Хедер.
Истражувањето на организацијата Феитх Маттерс покажува дека има огромен број на Британци кои прифатиле ислам и дека е над 100 000 . Дури две третини од нив се жени со просечна строст од 27 години.
Нејзиниот пат на преминување на ислам почнал кога се обидела својот бивш сопруг Џереми кој претходно преминал на Ислам дека религијата е погрешна работа. Таа поради тоа почнала да чита и истражува за да го докаже своето тврдење.
„Дефинитивно се согласувам со исламската апстиненција се до брак.
Мислам дека мојот нареден сопруг треба да биде муслиман за да го разбере ова.“ – таа ни изјави.
Исламика
Komentáře