top of page
Writer's pictureinfoislam

Одговор на контрадикција дали Мухаммед а.с. го видел Аллах џ.ш.

Според нив споредна е е тоа како што тврдат дека Пратеникот Мухаммед а.с. го видел Аллах џ.ш. : Да [С. 53:1-18, 81:15-29], Не [6:102-103, 42:51].

Мора да напоменеме дека анализирајќи ги тефсирот и толкувањето на наведените сури во кои се тврди дека Пратеникот а.с. го видел Семоќниот се сосема погрешно наведени бидејќи во истите се говори за нешто друго а тоа е видувањето на ангелот Гаврил(Џибрил а.с.). Така што доколку се читаат сурите без објаснување ќе се доведеме во заблуда и нема да знаеме за што се однесува доколку не ги знаеме хадисите и објаснувањата на самиот Пратеник а.с. и луѓето околу него. Најверојатно кај тие што бараат грешки користени се хадисот и непотполното објаснување од Ибн Абас р.а. кое ќе го споменеме подолу во текстот.

Пример за ова е делот од сурата Неџм во кој се кажува :

„и срцето не го изневери она што го виде.

Е, па, ќе се расправаш ли со него за она што го здогледа?

И го виде, секако, повторно кај Сидретул Мунтеха,“

Понатаму:

(53:15) кај Него и престојувалиштето џеннетско.

Станува збор за втората средба на Пратеникот а.с. со ангелот Гаврил а.с. во која тој се појави пред него во неговата вистинска форма и природа. Местото каде што се одржа оваа средба е опишано како Сидрат-ал-мунтаха, заедно со што е кажано дека во близина се наоѓа Џанат-ал-мава (Градина на упокојувањето). Сидр на арапски значи дрво-лотус, а мунтеха- крајна граница. Така, буквално, сидрат-ал-мунтеха значи лотус-дрво што се наоѓа на крајниот раб или граница. На тој начин знаењето на секој учен човек завршува; што е надвор од таа граница, никому не му е познато освен на Аллах. Речиси истото објаснување за тоа е дадено од Ибн Џерир во неговиот коментар и од Ибн Кесир во Ен-Нихајах фи Гариб ал Хадис вел-Атар. Тешко ни е да знаеме какво дрво е тоа што се наоѓа на најоддалечениот крај на овој физички свет и каква е неговата природа и состојба. Тоа се тајните на божествениот универзум кои за нас се неразбирливи. Во секој случај, тоа е нешто за кое немаше посоодветен збор од сидр на човечкиот нам познат јазик. Џенет ал-мава буквално значи Џенет (градина) што треба да биде живеалиште. Хасан Басри вели дека тоа е истиот џенет кој на верниците и праведниците ќе им биде даден на Ахирет, и од истиот овој ајет тврди дека тој џенет е на небесата. Катаде вели дека ова е Џеннет во кој се чуваат душите на шехидите, и тоа не го подразбира џенетот што треба да се даде на Ахирет. Ибн Абас исто така го вели истото, но додава дека Џенетот што треба да им се даде на верниците на Ахирет не е на небесата туку овде на земјата.

(53:16) кога Сидра ја покри она што ја покри.

Односно, неговиот раскош и слава го надминува секој опис. Божествената слава и блесок беа такви што човекот не може ниту да ги замисли ниту некој човечки јазик може соодветно да ги прикаже.

Погледот не се ни сврте и не се ни збуни. Да, виде од знаменијата големи на Господарот свој. (53, 17-18)

Истото е и во сурата Ет Теквир, 23 „Го здогледа во видиците (хоризонтот) јасни“, каде хоризонтот значи источниот раб на небото каде што сонцето изгрева и денот осамнува, односно светлиот хоризонт. И во двата стиха е јасно дека кога Пратеникот (мир над него) го видел Гаврил а.с. за прв пат, тој се појавил на источниот хоризонт на небото; и постојат неколку автентични преданија кои покажуваат дека во тоа време тој бил во својата вистинска форма во која Аллах го создал.

Значи ајетите наведени како проблематични всушност никаде не говорат за видувањето на Аллах џ.ш. туку на видувањето на ангелот Гаврил (Џибрил).

Е сега останува прашањето дали Пратеникот а.с. го видел Аллах џ.ш. при Мираџ.

Поголемиот дел од асхабите беа на ставот дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, не го видел Аллах со очи во ноќта на Мираџ. Се пренесува дека Аиша (р.а.) рекла: „Кој ви кажал дека Мухаммед, с.а.в.с., го видел со очи својот Господар, излажал. До Него не допираат очите, а Тој допира до очите. Он е Сочувствителен и Известен! [Ал-Енаам 6:103]…“ (Пренесено од Бухари, Тевхид, 6832). Се пренесува дека Ебу Дер дека рекол: „Го прашав Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем: „Дали го виде својот Господар?“ Тој кажал: „Тој е покриен со светлина, како можев да Го видам. “ ( Муслим, книга на Иман, 261). Се раскажува дека Ибн Абаас рекол: „„Срцето (на пратеникот) не го негираше она што го виде, и навистина го виде при второто спуштање.“ [Ал-Неџм 53:11-12] (Ова доколку го толкуваме како видување на Аллах ) значи дека Тој двапати го видел со своето срце“. (Пренесува Муслим, Иман, 258). Ибн ал-Кајим кажал: „Усман ибн Саид ал-Даарими рече во својата книга Рујах дека постоел консензус меѓу сахабите дека тој [Пратеникот (мир и благослов на Аллах врз него)] не го видел неговиот Господар во ноќта на Мираџ. Некои од нив го исклучија Ибн Абаас и рекоа дека тој не е од оние што го кажал тоа. Ибн Абас не рекол дека го видел со очи, а Ахмад се потпирал на ова во еден од двете преданија пренесени од него, каде што вели дека тој Го видел, но тој не рече дека тоа е со очи. Формулацијата што ја употребил Ахмад е иста како онаа што ја употребил Ибн Абас (Аллах да биде задоволен и од двајцата). Она што укажува дека она што го рекол Ибн Кајим за значењето на хадисот на Ебу Дер е фактот дека во друг хадис тој рекол дека Неговиот превез е Светлина. А Аллах најдобро знае што е Светлината што е спомната во хадисот на Ебу Дер (р.а. – Аллах да биде задоволен од него) каде што вели: „Јас видов светлина“. Шејх ал-Ислам Ибн тејмие (Аллах да се смилува врз него) кажал: „ во врска со гледањето на Аллах, она што беше докажано во Сахих од Ибн Абаас е дека тој кажал: „Мухамед двапати го виде својот Господар со своето срце, а Ајша негираше дека Пратеникот а.с. го видел со очи“. Некои луѓе ги усогласија овие два извештаи велејќи дека Аиша негираше дека го видел со очи, а Ибн Абаас потврди дека го видел со своето срце. Некои верзи пренесени од Ибн Абаас се однесуваат на гледање без да се прецизира како, а други укажуваат дека тоа било со срце. Нема јасна изјава од Ибн Абаас која вели дека го видел со очите. Слично на тоа, имаме и од Имам Ахмад. Никој не го слушнал имам Ахмед дека рекол дека го видел со очи.

Нема ништо во Куранот или Суннетот што го означува тоа, а дефинитивни се тука сахих текстовите кои укажуваат дека тој не Го видел. Во Сахих Муслим се пренесува дека Ебу Дер кој рекол: „Го прашав Пратеникот на Аллах, саллаллаху алејхи ве селлем: „Дали го виде нашиот Господар?“ Тој рече: „Тој е целосно покриен со светлина, како би можел да Го видам?“ А Аллах вели (толкување на значењето): „Славен (и Возвишен) нека е Тој (Аллах) [над сето она што Му го придружуваат ] Кој го пренесе својот роб (Мухамед) на ноќно патување од Месџид Ал-Харам (во Мека) до Месџид Ал-Акса (во Ерусалим), соседството чиешто го благословивме, за да му покажеме (на Мухамед) од нашите Ајети (докази, поуки, знаци, итн.)’ [Ел-Исра’ 17:1]

Да го видеше со свои очи, ќе го спомнеше тоа. Истото важи и за зборовите „Дали тогаш ќе се расправате со него (Мухамед) за она што го виде [за време на Мираџ]? [Ел-Наџм 53:12 ]. Да го видеше со свои очи, тоа ќе беше спомнато. Од сахих текстовите и од консензусот на селефот (првите генерации) на овој уммет е докажано дека никој не може да го види Аллах со очите на овој свет, со исклучок на тврдењето на некои дека нашиот пратеник Мухамед а.с. го видел. Но, тие се договорени дека верниците ќе го видат Аллах на Денот на Оживувањето со свои очи исто како што ги гледаат сонцето и месечината (на овој свет).

А Аллах најдобро знае.

1 view0 comments

Comments


bottom of page