top of page
Writer's pictureinfoislam

Одговор на некои нејаснотии и критики во Куранот

Прашање: Кој трпи загуба ако Мухамед погрешил? Сура 34:50 му заповеда на Мухамед а.с. да каже: „Кажи: „Ако скршнам во заблуда… па, навистина, скршнувам за себеси,“, што е сериозна грешка во Куранот, како и спротивно на учењето на Куранот во голем број од други стихови?

Одговор:

Ајетот гласи:„Кажи: „Ако скршнам во заблуда… па, навистина, скршнувам за себеси, а ако по патот вистински се упатам, тогаш, тоа, навистина, е заради она што ми е објавено од Господарот мој. Тој, навистина, се слуша и Блиску е!“. (34:50)

Како прво, ајетот започнува со „АКО“. Значи, тоа воопшто не е дефинитивен услов. Второ, ако Мухамед саллалаху алејхи ве алихи весалам погрешил, тогаш не можел да продолжи да го кажува Куранот. [Тоа е] откровение од Господарот на световите. И доколку Мухамед измислеше за нас некои [лажни] изреки, Ние ќе го фатевме за десната рака, силно. Тогаш ќе му ја пресечевме аортата. и никој меѓу вас не ќе можеше да го спаси.“ (69:43-47)

Но, бидејќи нашиот чесен пратеник Мухамед с.а.в.с. продолжил да ја проповеда објавата, тоа значи дека всушност, Тој потполно и апсолутно постапувал како треба.

Друг ајет од Светиот Куран, кажува

„Па, потпри се врз Аллах! Ти си, навистина, врз вистината јасна!“ Немл, 79

Забележете дека не постои АКО или освен во ајетот споменат погоре, но има збор НАВИСТИНА, така што вистинскиот услов е пратеникот Мухамед с.а.в.с. да е на јасна вистина, водена од Аллаховата објава.

  1. Критичар:

Аллах џ.ш., Адам и Ангелите

И кога на мелеките Ние им рековме: „Паднете му на сеџде на Адем!“ – сите паднаа на сеџде, а Иблис тоа не го направи; тој одби, се изнадува; беше меѓу неверниците!“ Ел Бекаре 36 Критичар: Како знаеле ангелите за луѓето? Одговор: Ако нема ништо за тоа во Куранот, тоа НИКОГАШ не може да е противречност. Критичар: Зошто ги знае имињата на нештата само Адам а.с, а не и ангелите? Одговор: Тоа не беше за да ги оспори, туку да се покаже посебниот квалитет кој Аллах им го дал на луѓето, а кој не им бил даден на ангелите. Критичар: И како именувањето на нештата го оправдува создавањето на човекот и покрај сето зло и насилство што тој ќе го изврши? Одговори: Тоа јасно кажува за дарот на Знаењето и дарот на разумот (расудување, меморија, логика, интелигенција), е во супериорноста наспроти ангелите…и затоа тие беа испратени на земјата на конечен испит и пота на судење…за да им се суди за добрите или лошите дела. Критичар: Зошто поклонување пред човекот….. Одговор: Само знак на чест. Не и обожување… дури и христијаните се поклонуваат / клекнуваат пред папите и поповите.. и сигурен сум дека тоа нема да биде обожавање особено кога се работи за сеџда од почест која била практикувана се до врмето на Мухаммед а.с. кој ја укинал таа пракса која важела и во минатите времиња. Критичар: Четврто, Иблис или сатаната се обвинува за непочитување кон Адам иако заповедта им била дадена на ангелите. Одговор: Ангели, (малааики)… тоа е збор во множина. Критичар: Иблес е ангел или џин

Одговори: јасно е спомна во Куранот дека Иблис бил џин Ете! Им рековме на ангелите: „Поклонете му се на Адам“. тие се поклонија освен Иблис, тој беше еден од Џините.” [Ал-Куран 18:50] Критичар: Куранот целосно молчи за создавањето на ангелите! Одговори: Воопшто не е контрадикторност тоа што не е спомнато..

Критичар: Зошто Адам беше на небото кога беше создаден да живее на земјата како Аллахов претставник. Тој не е создаден да живее на небото. Да ги спомене овие работи пред да ги спушти Него и Неговата жена да одат на земјата е малку чудно.

Одговор:

Тоа е бидејќи:

  1. Да се укаже на Адам а.с и Хава а.с дека Иблис и луѓето се непријатели

  2. Да се укаже дека кој ќе го следи Аллаховото упатство, нема да страда.

  3. Да се укаже дека Аллах простува за оние кои се каат. Но, сатаната ги натера да се измолкнат од него и ги отстрани од таа [состојба] во која беа. А ние рековме: „Слезете, [сите вие] како непријатели еден на друг, и на земјата ќе имате место за населување и снабдување за одредено време… Бекара 36 Тогаш Адам прими од својот Господ [некои] зборови и Аллах го прифатил неговото покајание. Навистина, Тој е Кој го прифаќа покајанието, Милостивиот..Бекара 37 Рековме: „Слезете од него, сите. И од Мене ќе ви дојде упатството, секој што го следи Моето упатство, нема да има страв, ниту ќе се тагува… Бекара 38 (приближен превод) Критичар:

Затоа, ова покажува дека потеклото не било само во ранг или позиција. Спуштањето беше буквално, исфрлање од повисоко ниво или царство (небесната градина) на пониско. Зборот што се користи во двете сура за да се избрка Иблес е „фахруџ“, а коренскиот збор е „хрџ“ што значи „надвор“. Спуштањето беше буквално, но не поради овие референци, туку зборот „Ихбит“ _ да се спушти/лизга надолу… (во сура Бакара) која важи за Адам и Хава.

0 views0 comments

Comments


bottom of page