top of page
Writer's pictureinfoislam

Одговорност во исламот


teaching-honesty-and-responsibility-to-children-360x240

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, на луѓето им дал одговорност према нивната состојба и компетенции, по што ги предупредил на недговорност и занемарување на поверените обврски на секој еден поединец. Тој појаснил дека човекот ќе биде запрашан пред Аллах за одговорностите кажувајќи: „Сите вие сте пастири и секој од вас ќе биде одговорен за своето стадо. Владетелот е пастир и тој е одговорен за своето стадо, човекот е пастир на своето семејство и одговорен е за своето стадо, жената е пастир во куќата на својот маж и ќе биде одговорна за своето стадо, слугата е пастир на имотот на својот газда и ќе биде одговорен за него. Сите вие сте пастири и сите ќе бидете прашани за своето стадо.“[1]

Доколку човек не е одговорен према своите деца и својата жена тој со тоа чини грев, бидејќи Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Доста му е на човекот грев само да го запостави оној кој е должен да го храни.“[2]

Во една прилика Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, му кажал на Саад б. Векас: Подобро е да ги оставиш своите наследници богати отколку сиромашни па да бараат од луѓето.“[3]

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, објаснил дека човекот е одговорен за тоа што го говори кажувајќи::„Навистина робот ќе изговори збор кој Аллах го сака, а притоа тој да не придава значење, па поради тоа Аллах да го  подигне неговиот степен. И навистина робот ќе изговори збор кој Аллах го лути, а тој да не и придава значење па таа да го одведе во џехеннем.“[4]

Исто така појаснил дека секој е одговорен за тоа што го работи кажувајќи: „На кој ќе му даде некоја работа и дневница за него, а тој ќе земе повеќе од тоа, таквиот е крадливец.“[5]

Исто така кажал: „Што е со работникот на кој ќе му дадеме работа, па тој ќе дојде и ќе каже:’Ова е од работата што ми ја дадовте, а ова го добив на подарок. А доколку седеше во куќата на на својот татко и својата мајка дали би го добил тоа на подарок? Се колнам во Оној во Чии раце е Мухаммедовата душа, кој нешто ќе сокрие од тоа ќе дојде на Судниот ден носејќи  го тоа на врат.“[6]

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ја појаснил важноста на работата и предупредил на важноста на работата и предупредил на погубноста на мрзеливоста и  и незапосленоста, па ги објаснил многуте прописи и правила врзани за начин на заробтка и трговија.

Возвишениот кажува: „А кога ќе заврши намазот разијдете се по земјата барајќи ги Аллаховите благодетти.“ (Ел Џуммуа, 10)

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Најдобра храна која ја јадете е онаа која што сте ја заработиле со сопствени раце. Навистина Аллаховиот Веровесник Давуд, саллаллаху алејхи ве селем, се хранел со храна заработена со сопствени раце.“[7]

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ги поттикнувал луѓето професионално да си ја одработат својата работа која ја работат, па кажува: „Аллах навистина сака професионално[8] да ја одработите работата која ја работите.“[9]

Тој предупредил на штетноста на барање на имот кај луѓето без потреба, кажувајќи: „Некои ќе просат од луѓето се додека не го сретнат Аллах без месо на своето лице.“[10]

Тоа е затоа е што е срамота да се проси и затоа што му била обврска да јаде од работата на сопствените раце.

И кажал:  „Кој проси, а не е сиромав, како да јаде жар.“[11]

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, забранил монопол на робот со цел подигање на цената па кажал. „Кој држи монопол таквиот греши.“[12]

Се пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Аллах вели: ‘Доколку двајца се здружат јас сум со нив се додека еден другиот не го измами, а кога ќе го измами јас ги напуштам.’“[13]

Исто така кажал: „Поверливиот и искрениот трговец ќе биде во друштво на веровесници, искрени и маченици.“[14]

Тој кажал: „Чувајте се од често колнење при вршење трговија, бидејќи тоа најпрвин носи добиток, а потоа загуба.“[15]

И кажал: „Продавачот и купувачот имаат избор се додека не се разделат. Ако се искрени и ја објаснат состојбата на робата тогаш ќе им биде даден береќет во трговијата, а доколку лажат и ја сокријат маната – ќе бидат ускратени од береќет.“[16]

И кажал: „Дајте му ја на работникот платата пред да му се исуши потта од челото“[17]

И кажал: „Најдобра заработка е заработката со сопствени раце, доколку се работи како треба.“[18]

И кажал: „Забранета е трговија со алкохол.“[19]

И кажал: „Немојте да ги продавате плодовите што уште не се набрани се додека не покажете дека се здрави[20] и дека се сочувани од недостатоци.“[21]

И кажал: „Кој лаже не е од нас.“[22]

И кажал: „Муслиманот е на муслиман брат. Не му е дозволено да му продаде нешто што има недостаток, а да не му укаже на него.“[23]

И кажал: „Нека никој не продава на трговија на неговиот брат.“[24]

И кажал: „Аллах сака убаво постапување при продажба, трговја и пресуда.“[25]

[1] Бухари, бр.844., и Муслим, бр.3408.

[2] Ебу Давуд, бр.1442., и Ахмед, бр.6207.

[3] Бухари, бр.1213., i Muslim3076.

[4] Бухари, бр.5997., и Тирмизи, бр.2241.

[5] Ебу Давуд, бр.2554.

[6] Бухари, бр.6145., и Муслим, бр.3413.

[7] Бухари, бр.1930.

[8] Т.е. поттполнете го она што го работите.(пр.ур.)

[9] Бејхеки, бр. 4931.

[10] Бухари, бр.1381., и Муслим, бр.1724.

[11] Таберани, бр.3506.

[12] Муслим, бр.3012., и Тирмизи, бр.1188.

[13] Ебу Давуд, бр.2936.

[14] Тирмизи, бр.1130., и Ибн Маџе, бр. 2130.

[15] Муслим, бр.3015., и Несаи, бр.4384.

[16] Бухари, бр.1968., и Муслим, бр.2825.

[17] Ибн Маџе, бр. 2434.

[18] Ахмед, бр. 8060; Ел Мунави вели: Така што професионално ќе ја одработи својата работа и нема да се служи со превари и слично.“ Види: : et-Tejsir bišerhil-džami’is-sagir, 1/527.

[19] Бухари, бр.2074., и Муслим, бр.2959.

[20] Ел Мунави вели:„продажбата на плодовите може да биде или под услов веднаш да се наберат, што е дозволено без разидување, било да созреале или не, бидејќи и да не созреле може да се користат како храна за стока или продажба под услов да останат ненабрани…“ Fejdul-kadir, 3/155.

[21] Муслим, бр.2829.

[22] Муслим, бр.146., и Тирмизи, бр.1236.

[23] Ибн Маџе, бр. 2237.

[24] Бухари, бр.1995., и Муслим, бр.2531

[25] Ибн Маџе, бр. 2176.

0 views0 comments

Comments


bottom of page