Американските научници дошле до сознание дека интернет дискусиите ќе ве доведат до ниво да бидете понервозни и се помалку среќни. Научниците истражиле дека студиите покажале дека луѓето се вознемируваат штом ќе го испратат првиот коментар, а како поминува времето нервозата расте. Посебно при тоа се чуствителни луѓе кои емотивно се врзани за некое прашање и кои неможат да сменат ништо во поглед на истото.
„Тој импулс на интернетот се приметува повеќе отколку некаде на друго место“, ова го потврдува проф. Рајан Мартинов, професор по психологија на Универзитетот Грин Беј во Висконсин. „Многу е лесно да се реагира на интернет кога многу сте лути.“. Сето тоа се однесува и на Фејсбук и на Твитер, како и на разни блогови и вести.
Некои луѓе на интернет според професорот бараат некој издувен вентил за зголемена фрустрација при чувство на немоќ.
„Непријателството кое се шири на интернет преставува проблем на јавно здравје. Многу животи се уништуваат со онлајн агресија.“ вели Мартин.
Слично испитување на ова го вршеше и експерт по онлајн комуникација Сеад Џигал, тој вели:
„Не знам дали ви се случува да бидете во искушение и да се премислувате „да улетате“ во некоја дебата на интернет? Бидејќи претежно посетувам сајтови на медиумите, блогови, форуми и слични веб-локации, каде размената на ставовите и коментирањето е нивен raison d’être, често сум на раб на приклучување во онлајн дискусии. Во некои од нив и се вклучувам, но во значителен број од нив се воздржувам од учество. Ова се должи на прилично наталожено искуство за тоа дека голем број од дебатите кои се водат на интернет се бесполезни, а некои дури и штетни. Проценката за тоа каде вашиот коментар и полемика можат да бидат корисен дел од дискусијата и да ја развијат истата е клучна работа за тоа какви впечатоци подоцна ќе имате од неа.“
Како и да е Аллах во ова време на искушенија не подучил како да комуницираме со луѓето и при тоа и да не се наметнуваме во дискусија, посебно ако немаме аргументи или ако сме груби. Пример на ова се ајетите кои не подучуваат како да комуницираме со луѓето врз кои не можеме да влијаеме и при тоа имаме неколку начини. Прва работа е да не занимаваме со работи кои немаат штета ниту влијание врз нашиот иман, и при работи каде што незналиците ќе не ословат или повикаат да бидеме онакак како Аллах бара од нас:„ А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат, а кога незналците ќе им се обратат, од- говараат: „Мир!“(25/64)
Второ, доколку со непријателот кој очекува лош збор од нас постапиме како што Аллах ни наложил ние сме стекнале кај Аллах голем углед и сме се накитиле со убави особини:
34. Доброто и злото не се исто! На злото возврати му со добро, па непријателот твој одеднаш близок пријател ќе ти стане. 35. Тоа можат да го постигнат само стрпливите; тоа можат да го постигнат само многу доблесните.(Поглавје 41)
И трета работа е да при комуникација бидеме сталожени, примерени и сигурни кон целта, а таа е да гледаме со очите на милоста кон луѓето и нивно Упаство.
„На патот на Господарот твој мудро и со убав совет повикувај, и со нив на најубав начин дискутирај! Господарот твој ги знае тие што заталкале од Неговиот пат и Тој ги знае тие што се на Вистинскиот пат.“
О Аллахов робу зошто би се нервирал кога Упаствотот не е до тебе, зарем незнаеш дека Аллах кажал:
Ние објавуваме ајети јасни; а Аллах го упатува на Вистинскиот пат тој кого Тој сака.(46/24)
Штом веќе ја знаеме крајната завршница и крајниот резултат на неследењето на Упаството, што ни останува на нас освен да употребуваме цврст и јасни аргументи?!
Зарем мислат тие што ја одбиваат Книгата и Пратеникот алејхи селам дека ќе успеат? Зарем мислат дека таквите ќе се спасат со мислењата на луѓето и нивните претпоставки и мислат ли дека со разни расправи и поставки дека ќе успеат да ја избегнат Аллаховата казна?
Аллахов робе Аллах не обдарил со вистината, немој да дозволиш светлината со која Аллах не обдарил да си ја потрошиме на валкани дискусии и непотребни расправии. Аллаховиот Пратеник алејхи селам му ветил Џеннет на оној кој ќе напушти расправата макар бил и во право..Значи со тоа што си ја напуштил расправијата, веќе си победил.
А сета победа и упаство доаѓа од Аллах.
Comments