top of page
Writer's pictureinfoislam

Опишување на Аллах со човечки својства

Оној кој го опишува Аллах со некое човечко својство станува неверник.

Кој ова ќе го разбере како што треба тој е разумен и се одалечил од зборовите на оние кои не веруваат. И тој знае дека Возвишениот Аллах со своите својства не е како човек.

Објаснување:

Ако човек на било кој начин го опише Возвишениот Аллах со неко човечки особености и Го спореди Аллах со Неговите суштества во смисла на Неговите имиња, својства или пак нивната каквотија, станува неверник во Возвишениот Аллах , кој вели:„Ништо не е како Тој. Тој се слуша и гледа.“(Еш Шура 11)

Ако човек ова го дознае и разбере и повторно покрај тоа Го споредува Возвишениот Аллах со луѓето се смета за неверник. Тој ќе мора да се научи и да се огради од зборовите на оние неверници на кои Аллах им одредил вечно живеалиште во Пеколот. Тој ќе разбере дека Возвишениот Аллах со своите особености и нивната каквотија, неможе никогаш да биде како човек.

„Тахавиева посланица“ – Хумејс

0 views0 comments

Comments


bottom of page