top of page
Writer's pictureinfoislam

Оптимизмот победува секаква пречка

Дали сте знаеле дека стрпливоста и позитивниот поглед на живот се две најголеми работи кои можат да ве излечат?

-Ние ќе ве ставаме на искушение, малку со страв и со глад, и со губење на имотите, животите и посевите ваши. А ти израдувај ги трпеливите, тие кои, кога ќе ги снајде некаква неволја, само велат: „Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме.“

Према спознавањето на современата наука милоста доаѓа во облик на подобрена здраствена состојба. Бернард Јансен во својата книга Наука и практикување на иридиологија вели: „Докторите на денешницата препознаваат дека човекова најбитна работилница не е неговото физичко тело туку умот кој го контролира.“ Доктор Тед Мортер истото тоа го вели во својата книга Вашето здравје, каде вели дека е ваш избор кога вели дека лошите мисли се производител на киселини во телото (а високото ниво на киселини е причина за голем број на болести) бидејќи вашето тело реагира на негативниот ментален и емоционален стрес кој прозиведува мисли на ист начин како што реагира на „вистински“ опасности од физички закани. Болничките испитувања покажуваат дека 70 % од испитаници, квази-болесници, немале органски основи на своите здраствени притужби. Таа бројка е фасцинантно голема. Кај овие пациенти, иако немало органска основа за нивни болести, предизвикана е од психички основи. Откако Фројд ја популаризирал идејата на психоанализа, луѓето често се насочуваат на подрачјето на ментална реалност како би ги решиле одредените проблеми, заборавајќи дека неможеме да ја раздвојиме физичката и менталната реалност. Умот е дел од мозокот, а мозокот е орган. Како и сите органи тој се храни од истиот извор на нутриенти од кои се хранат и останатите телесни органи кои се подложни на истите проблеми. На крај, мозокот е само дел од нашето тело како и сите останати делови и потполно е зависен од телото. Потребен му е шеќер за да ја произведува енергијата за разлика од другите органи кои го произведуваат од калиум и од масти. Поради тоа мозокот е првиот орган кој реагира на недостиг на шеќер и најостро реагира. Фројд изјавил дека психоанализата не е погодна за лечење на болести како што е шизофренијата и истакнал дека нејзини причинители се од биохемиска природа. Мозокот користи ист крвоток каде може и да разбереме како мозокот може физички да влијае врз нас. На пример со едноставна употреба на нашиот мозок за размислување и учење ние согоруваме нутриенти на нашиот систем, нарочно фосфорот. Тешко напрегање на мозокот може да предизвика недостиг на фосфор, така што луѓето кои имаат голем капацитет на интелегенција имаат потреба од висок ниво на фосфор. Фосфорот не е единствената хранлива работа која може да се потроши при психички стрес и при мала духовна смиреност. Доколку штитната жлезда, оној орган кој раководи со нашите чувства работи прекувремено може да се појави недостиг од јод.

Многу голема мудрост лежи во преданието кое го пренесуваат Мухаммед ﷺ: „Не е силен оној кој ги победува луѓето со својата сила, туку е силен оној кој се контролиа себеси во срдост.“ Во прибраност во мирот и стрпливоста  е клучот на физичката сила. Стресот од работа, разводот или смртта, може да предизвика губиток на калиум и натриум во телото, бидејќи тој предизвикува  штитната жлезда да има зголемена потреба од овој минерал. Дури и хипогликемија (зголемен ниво на шеќер во крв) може да биде предизвикан со возбудување. Пратеникот ﷺ ни препорачал умерен пат во животот. Сепак ние често се впуштаме или изложуваме на интензивни возбудувања со викање, со претерано гледање на телевизија и одење на места на забава, и често во тие ситуации надбубрежниот кортекст е стимулиран и доѓа до пораст на шеќерот во крвта. Тоа пак го симулира панкреасот предизвикувајќи умор или слабост. Смиреноста и здравјето се носат со изговорена благодарност кон Аллах – елхамдуллиллах, особено кога имаме проблем или сме соочени со него. Треба да се обидеме домашното и работното окружување да го одржиме мирно, без стресни ситуации што е можно повеќе. Еден од начините на кој можеме да го намалиме учинокот на стресот е да бидеме свесни за самиот стрес, да се храниме со хранливи производи и додатоци како што е лековити растенија и сл. Доколку човекот прави ибадет доцна навечер или учи Куран во Рамазан, мора да јаде храна богата со фосфор и таа што ќе помогне во одржување на истото поради концетрација. Доколку патуваме или обавуваме хаџ, умра тогаш мора да се зголеми внесување на храна богата со калиум, натриум како и витамин Б комплекс поради физичкиот напор и напрегање на мускулите. Во повеќето здраствени проблеми самата превенција е многу посупериорна од пронаоѓањето на лек. Затоа најдобар начин на избегнување на негативни ставови и емоции да ни ја преземат контролата над нашите тела е практикување на мудроста која Аллах ни ја подарил во Куранот и хадисите. Треба да кажеме елхамдуллиллах (Фала Му на Аллах) за тоа што го имаме, иншаАллах (ако даде Аллах) за тоа што го намеруваме, и субханеллах (Славен нека е Аллах) кога ќе видиме нешто возбудливо и прекрасно. Треба да каже естагфируллах (Аллаху опрости!) кога ќе се изнервираме или ќе станеме слаби  и што е најважно Аллаху екбер (Аллах е Голем) кога ќе се соочиме со предизвиците на животот. Овие пет изрази редовно кога се изговараат се како мултивитамин за нашето комплетно здравје. 

Го молам Аллах, мене и вас да нè снабди со позитивен оптимизам кој создава дела кои ќе нè отстранат од нашето безделие и слабост.

0 views0 comments

Comentários


bottom of page