Пратеникот Мухаммед ﷺ рекол: “Држете се за заедницата, затоа што волкот ја јаде овцата која е одвоена од стадото.“
Осаменоста ја потиштува личноста и го отвора патот за многу лоши навики, како што се нездравата исхрана и недостатокот на физичка активност, а со тоа доведува и до уште поголема осаменост и изолација, што на крајот води до сериозни здравствени проблеми, како што е значителното слабеење на имунолошкиот систем. Исто така може да доведе до стеснување на крвните садови, што предизвикува висок крвен притисок, разни воспаленија, па дури и влијае на способноста за помнење и учење.
Осаменоста предизвикува зголемено лачење на хормонот на стрес – кортизол и опасно го зголемува крвниот притисок, со што ги зголемува шансите за срцев и мозочен удар. Социјалната изолација ја нарушува циркулацијата и го оптоварува срцето, а влијае и на квалитетот на спиење. Научниците кои го истражувале влијанието на осаменоста врз здравствената состојба укажале на потребата за што е можно порано препознавање на симптомите, за да се избегне паѓањето во тој маѓепсан круг. Осамените луѓе ги проценуваат своите друштвени способности и интеракцијата како понегативни отколку што всушност се, што доведува до понатамошна изолација. На секој човек му е потребно малку време само за себе, но ако сте осамени подолго од 6 месеци (што се смета за период на прилагодување ако сте го промениле местото на живеење, сте изгубиле сакана личност, сте ја променила работата, итн.) треба веднаш да го промените начинот на однесување и своите ставови. Морате да работите на создавањето позитивен поглед на светот околу себе и да ги зголемите друштвените физички активности, да одите на аеробик, да спортувате, да посетувате различни курсеви, па и една прошетка во паркот може да ве расположи.
Commentaires