top of page
Writer's pictureinfoislam

Основна мисија на Пратениците


Меѓутоа, дури и во рамките на таа прва порака на Адам, постојат две фундаментални вистини кои никогаш не биле укинати или модифицирани и кои продолжиле да бидат централен дел на пораката на секој подоцнежен пратеник: 1. Дека не постои друго божество достојно да се обожува освен Аллах, Единиот Бог, Кому ништо не Му е еднакво и само Нему да Му се поклонуваме и само Нему да Му служиме, што е воедно и првата Божја заповед во Библијата и минатите објави претставена преку мисијата наредена од Бог: „Луѓето и џинните39 ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Куран; Ез Заријат, 56) Таа мисија ја препознаваме во библиските зборови: „.. На Господа, Твојот Бог, клањај Му се и само Нему служи Му!“ (Библија; Евангелие по Лука 4:8) 2. Да се избегне злото и забранетото, да се верува во Судниот ден, во пратениците, во Книгите објавени на пратениците, во невидливиот свет (ангелите и сл.) и дека сите наши добри или лоши дела се одредени со судбина (ар.кадер). Со ова се потврдува дека сите овие пратеници биле праќани од Бог за да ги вратат  луѓето назад кон вистинското верување. Сепак, многумина од нив не ги послушале пратениците, не се покајале и не го прифатиле понудениот начин на спасение и начин на живот, и не се вратиле на правилното обожување на Бог. Отпадништвото и девијациите постоеле, и на крајот некои од овие искривувања станале прифатливи и дел од секојдневниот ритуал. Таков еден ритуал и кодификација според исламот е и јудаизмот со  сите негови форми.

Ова е видливо од акцентот ставен врз Евреите во Куранот, кои имаат искривен однос кон нивните книги. Со тоа „вистинската вера“ како основа на верување во сите времиња била изменета од луѓето кои подоцна ги кодифицирале своите измени и ги внеле во своите книги и списи, намерно или ненамерно менувајќи ги и лажејќи за Бог, со што ја предизвикале Божјата лутина. Со тоа Пратениците не биле испраќани за да ги вратат луѓето кон јудаизмот кој го познаваме денес, туку кон основите на верувањето, во кои повикувал секој пратеник и чија основна мисија била како што е наведено во Куранот: „… На сите вас закон и правец ви пропишавме!“ (Куран; 5:48); „Во Аллах да веруваат, а од тагутот41 да се оддалечат“ (Куран; 16:36); т.е. да се оддалечат од лажните идоли, лажните верувања и следењето на шејтанот42 т.е да се оттргнат од страстите и лажните идеологии. Нешто слично вели Исус во Библијата: „Ниеден слуга неможе да има два господари…Неможе да му се служи на Бог и на парите.“ (Библија; Евангелие според Лука 16:13)

Тората, сè додека се практикувала, била Упаство и светлина за Евреите кои го применувале чистиот монотеизам и заветот прифатен преку Божјите пратениците до нив: „Ние го објавивме Тевратот (Тората), кој содржи упатство и светлина. Според него на Евреите им судеа веровесниците, кои Му беа послушни на Аллах и честити луѓе, и учени, од кои е барано да ја чуваат Аллаховата книга, и тие над неа бдееја.“(Куран; 5:44) Истото важи и за христијаните и следбениците на Исус, кои требале да се придржуваат до Инџилот: „После нив, го испративме Иса (Исус), синот Мерјемин, кој го признаваше Тевратот пред него објавен, а нему му го дадовме Инџилот (Евангелието), во кој имаше упатство и светлина, и да го потврди Тевратот (Тората), пред него објавен, во  кој исто така имаше упатство и поука за тие кои од Аллах се плашеа, ..“ (Куран; 5:46- 47) Јудео-христијанската ретроспектива често ги отсликува Пратениците на Бог како  заталкани грешници, коишто се вклучени во сите начини на застрането однесување.

Иако Возвишениот, ги надарил луѓето со разум, тие без Објавата не би можеле да ги дознаат и разберат многуте работи и поими. Многу луѓе верувале дека има повеќе богови и божества, па Возвишениот, по пат на Објава и преку Пратениците ги упатил да веруваат само во Еден и Единствен Бог. Без Објавата луѓето не би знаеле дека постои невидлив духовен свет, проживување по смртта, Рај, Пекол и др. Преку Објавата и Божјите Пратеници луѓето дознале како настанале, како настанал Универзумот и многу други појави и законитости. Куранот користи повеќе имиња за пратениците како што се: Небијј – веровесник, Ресул-Пратеник, Бешир-радосник, Незир-опоменувач и др. Во Библијата нив ги знаеме на сличен начин како опоменувачи, пророци, божји синови, праведници и слично. Во Куранот буквално се спомнуваат следниве Божји Пратеници: Адем (Адам), Идриз (Енох), Нух (Ное), Худ, Салих, Ибрахим (Авраам), Лут (Лот), Исмаил (Ишмаел), Исхак (Исак), Јакуб (Јаков), Јусуф (Јосиф), Ејјуб, Шуајб, Муса (Мојсеј), Харун (Арон), Давуд (Давид), Сулејман (Соломон), Илијас (Илија), Елејса, Јунус (Јона), Зулкифил, Зекерија (Захарија), Јахја (Јован „Крстителот“), Иса (Исус) и Мухаммед, нека е Божји мир и благослов врз сите нив.

0 views0 comments

Comments


bottom of page