top of page
Writer's pictureinfoislam

Отсуство на достоинство

Понекогаш со свои очи гледам и со свои уши слушам како за одредени случувања се прикрива вистината и се лажат луѓето. Во такви ситуации доаѓам до заклучок дека идните генерации ќе останат без вистината и ќе ја следат лагата.“ Оваа горка вистина ја констатирал Мухаммед ел – Газали пред триесетина години, а на нас како припадници на таа идна генерација не ни преостанува ништо друго освен да го потврдиме ова.

Овие денови човештвото ни понуди една вонредна претстава: Најразвиена воено технолошка машинерија се обедини за да ги убие – слабата Палестина и потисната и затворена во Газа.

За да тоа не изгледа како што всушност и е, се погрижија (скоро сите светски) медиуми кои што упорно се обидуваат да не убедат дека не се работи за агресија и обиди за етничко чистење на еден народ, туку за одбрана на еврејскиот народ од напади, oд никој друг, освен исламските терористи, радикални исламисти, верски фанатици, разно разни муџахедини и некои си слични на нив назадни.

Сликите се благо речено страотни – Најголемиот отворен затвор (како што Чомски ја нарекува Газа) на светот, е блокиран и од морска и од копнена страна, плива во крв додека најнапредните воени бродови и авиони бомбардираат бегалски кампови, училишта, стамбени области, џамии и сиромашни квартови. За тоа време на остатокот од светот им се сервира приказна дека со воена окупација на туѓа земја Израел се обидува да се одбрани од терористи. И еве што заклучува просечен човек со испиен мозок од разни медиумски манипулации и местења: тој назаден палестински народ, кој нема воздушни сили, воздушна одбрана, нема морнарица, нема тешко наоружување, ниту команда, ниту војска, опасен е по безбедноста на Израел, кој патем речено поседува најсофистицирана воена технологија на светот. И додека така Израел се обидува да се одбрани од ракетите од домашно производство во Газа, ја мобилизира својата војска и се подготвува за копнена инвазија и крвопролевање од невидени размери.

Во тој “Столб на одбрана“ (така е наречена операцијата за окупација на туѓа земја) гинат стотина Палестинци (до сега), воглавно цивили, и тројца жители на Израел. Или како што ББС пренесува: „Three Israells have been killed by rocket-fire from Gaza, where 13 Palestinians have died in Israel air strikes.“ Во ваков свет на лаги и измами убиец станува жртвата, додека од пасивните надгледувачи по којзнае кој пат се носи заклучок: Тоа е пак оној одвратен тероризам! На жртвата која се бори против убијците врзете им ги рацете, а на убијците испратете им уште ножеви.“

Можеби исламскиот свет би можел да ја поправи оваа неправда ако се разбуди од повеќевековниот сон. И уште нешто. Денес ги спомнуваме крстоносните војни исклучиво во историски контекст и како нешто што било па поминало. Било да, но не поминало. Само што фер борба гради во гради е заменета со перфидни и кобни методи на измама, и залажувања, против кои чесен човек,измамен од нејасноста и неможноста за гледање во сржта на работите, навистина е тешко да се бори. Современиот империјализам со криминогена капиталистичка надоградба под маската на мирољубивоста плете мрежа на измама и презир, што дава еднакви резултати како и предходните војни. Сочувствуваме со народот во Палестина. Со нивното континуирано патење и страдање. Нивниот повик за слобода и достоинствен живот. Им помагаме во толкава мера и начин на кој можеме да им помогнеме. Тоа, навистина е еден добронамерен народ кој по природа е наклонет кон слободен живот и на тој пат се подготвени да го вложат сиот имот и сета своја храброст без ниту малку колебање. Народ на ентузијазам, богобојазност, достоинство, доброчинство и нетрпеливост кон слабаците и кукавиците.

На тој народ со гордост, пожртвуваност и неизмерна храброст оди порака од големиот освојувач Салахудин од скоро пред еден милениум, а која важи и денес во ист облик: „Знајте, луѓе, дека денес единствено сте вие исламска војска. Крвта и имотот на муслиманите зависат од вашата заштита. На овој непријател кој надоаѓа единствено вие можете да му застанете на патот, ако вие ги свртите главите, исламската земја под нивните стапала ќе се свитка како лист од хартија, а вие сето тоа ќе го гледате. Муслиманите од сите краишта единствено се надеваат дека само вие ќе ги понижите, а Аллах на верниците веќе им ветил победа, Тој не го крши ветувањето!“ Напомена во врска со насловот на тексот:

Лабараторија за набљудување на отсуството на достоинство: Во водечкиот медицински магазин The Lancet, Раџеј Батинџи, лекар од Стенфорд, ја опишува Газа како еден вид на лабараторија за набљудување на отсуството на достоинство

Минбер ба

0 views0 comments

Comments


bottom of page