top of page
Writer's pictureinfoislam

Оџа јас сакам да станам муслиман!

Вчера после икиндија намаз еден стар џематлија ми рече дека некој ме бара во дворот од џамијата. Обично луѓето го бараат ефендија поради материјална помош, одредени проблеми, изгубени или заборавени работи во абдестханата(место за ритуално миење) или џамијата и слично. Меѓутоа ова беше нешто сосема друго, со кое се сретнав за прв пат во животот и ме остави на момент без текст. Излегувам, и го прашувам како можам да му помогнам? Пред мене стои момче, високо, со убаво држење, полн со самодоверба и директност, и без било какво двоумење и вовед ми рече: „Оџа, јас сакам да станам муслиман!“ Затекнат и збунет само изустив: „Аллаху Екбер“. Седнавме еден покрај друг пред џамијата. Го прашав како се вика, рече Мирослав… Добро ни дојде Мирославе. Како тоа да сакаш да станеш муслиман? Рече: Јас сум христијани, крстен сум, примив миро, но сакам да станам муслиман затоа што сватив дека тоа е вистината, а покрај тоа сонував дека во оваа џамија, пред оџата, во присуство на браќа муслимани примив ислам!

Дали предходно некогаш си бил во оваа џамија, го прашав? Не, не сум бил, рече. Преубав сон и укажување, Бог сигурно ти сака добро и за тебе има добар план, му реков. Го повтори по мене шехадетот, му го честитав примањето на исламот со најубави дови и желби. Разговаравме подолго, го запознав со темелите на верата, климаше со главата и слушаше, а потоа го однесов до дома во западниот дел од Мостар. Денес присуствуваше на сите намази, клањаше предано и понизно. Преку интернетот веќе предходно ги научил основните прописи на бањањето, абдестот и движењата на намазот. Сега учи, чита, прашува. Ми раскажа дека како дете од десет години имал прилика да оди во Ватикан, и да разговара со тогашниот папа Иван Павле II. Со него дури и за исламот разговарав на што Папата ми рече: „Колку само се распрашуваш за исламот, ти ќе примиш ислам.“ – така дословно ми рече. Вечерва пред јација го учев да ја изговара Фатиха, а после намазот ми рече: „Ова се повеќе и повеќе ми се допаѓа.“ Го однесов дома затоа што почна силно да врне дожад. При излегувањето од автомобилот ми рече: Еселаму алејкум, се гледаме на сабах.“ Го молам Милостливиот Упатувач да го зацврсти во верата, да го сочува и да му помогне како што им помогнал на следбениците на Книгата кои пред Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., прифаќале ислам. Исто така го молам Возвишениот Аллах што повеќе од нашата младина, која носи муслимански имиња да се врати кон исламот. Не сме ни свесни што значи да ве роди мајка муслиманка. Не сме ни свесни колку сме среќни што сме родени како муслимани, па да се потрудиме и да умреме како муслимани. Братот Мирослав е повторно роден, па да се родиме и ние, муслимански момчиња и девојки. Да го прифатиме исламот со цело свое срце и да бидеме покорни на нашиот Господар. Имамот од Мостар (M.O)

0 views0 comments

Kommentarer


bottom of page