Многу малку од тоа што денес претставува „цивилизација“ може да кажеме дека носи симболи на модерното, разбрано на начин дека модерното претставува нешто поново и посовршено. За да ја разбереме тезата на поставениот наслов, ќе мора да ги разбереме системите кои моментално функционираат во светот.Но за да ја докажеме поврзаноста помеѓу антиката и сегашноста ќе мора да мислиме на една незаменлива работа, како во антиката така и низ вековите, за да на крајот ја разбереме сегашноста.Тоа нешто е наречено идеја. Идејата за нашето постоење и идејата на тоа што се сме должни, и на кој се сме му должни за овој наш живот, го дава правецот на нашето дејствување и на нашиот начин на живеење. Материјализирањето на идејата ја менувало општествената слика и сликата за светот околу нас, и човекот под влијание на таканаречените „општествени вредности“ се градел, растел и живеел со идејата која му била поставена од воспитувачот и учителот. Верата како идеја била главно нешто кое не водело и сеуште не води сите нас. Човекот кој верува во „нешто“ бил за неколку степени подобар, посилен и поиздржлив од тој што викал дека „ неверува во ништо“. Зошто е тоа така? Па затоа што човекот си поставувал цели кои, иако објективно не биле добри , тие биле водечка сила во своето време и со тоа освен што го исполнувале егото , тие го исплаќале таканаречениот долг кон таканаречените „богоучители“ или нивните преставници на Земјата, свештени лица или водачи. Денеска тие свештени лица се заменети со луѓе кои што веруваат во други „богоучители“ кои ја спознале целта преку следење на закони кои ги поставил човекот и закони кои би сториле се да се самозаштитат, макар и по цена да ја уништи поисправната идеја, бидејќи им одговара на принципите кои се поставени од учители кои несакаат да го навредат „ богоучителот“ или подобро речено „ богочовекот“, кој во ниедно време како сега има желба да се издигне на ниво на создавач и креатор на општествените прилики и физичките закони кои важат во Вселената! Таа идеја на паганизмот, и таа мисла на создавање на „оаза на мирот“ како си ја преставува модерниот човек има своја историја и таа историја и желба на човекот да се постави како некој кој што создавал и креирал и дека може подобро од било што да ги разбере законите кои ни се наметнати и не водат кон утопистичките желби во кои човекот е контролор на материјата и енергијата и со тоа се наметнува со природата на своето алтерего или на „богочовек“ предизвикува самоуништувачко дејствије врз она што го учат сетилата. Сетилата ни кажуваат дека се е толку совршено, а самата помисла на тоа не плаши и поради неразјаснети причини бараме оправданија за нашето постоење преку природни закони . Сетилата ни укажуваат дека позади ова висечко платно пред нас и ова пространство што не опкружува постои нешто совршено и Способно да создава што сака и како сака и дека тоа „нешто“ е контролор на енергијата , времето и просторот. Но, сепак ние луѓето сме избрале за себе да се прогласиме како единствени наследници на монополот кој е пред нас. До вчера бевме само една ќелија , за да по неколку години се прогласиме за контролори на материјата и способни да ги толкуваме Вселенските закони. Милиони години пред нас материјата постоела и е последица на едно создавање за кој модерната наука денеска го нарекува Биг Бенг, или поточно речено Големиот Прасок. Од своето постоење материјалниот свет егзистирал по точно утврдени закони и прописи кои важат за нас позната Вселена. Човекот од своето постоење креирал за себе систем на мерки и правила по кои се водел и кои ги осознавал преку упатствата испратени од два вида на луѓе. Едните се нарекувале Божји пратеници , и другите кои се нарекувале боголуѓе. Првите повикувале во следење на правилата поставени од Единиот Бог, Создател , на кого ништо неможе да му се спореди, додека другите повикувале на давање жртви и поклонување пред многу божества и пред материјата и следење на ритуали и правила со кои на тие невидливи и видливи сили човекот би ги задоволил и им изразил почит.За да ја разбереме оваа втора нелогична мисла која досега само му штетела на човештвото, и да покажеме еден процес кој трае илјадници години и кој иако бил ослабен во еден период на историјата, последниот век кој што го познаваме, а го нарекуваме модерно доба, е дека нашата цивилизација не оди кон Светскиот мир туку кон едно поглавје наречено самоуништување и ера на луѓе кои себеси се издигаат на ниво на мали богови. Трагедијата која ја имаме со себе, ќе треба да ја побараме и решиме првин во нашите срца , а идејата која не ослободува и ни ја дава „оазата на мирот“ ќе треба да се развие под банерот на признавање на нашата немоќ да ги протолкваме сите работи околу нас . Влијанието на паганизмот и припишување на божественоста на материјалното се илустрира во сите познати верувања и системи на општествено живеење.Тоа е нешто што е неизбежен дел од човековата историја и неговиот развој во личности кои ќе бидат духовни градители на својата иднина, со тоа и на нашата судбина и начин на дејствување. Во историјата на човекот има периоди на божества и кралеви кои комуницирале меѓу себе , воспоставувале ред и поредок над луѓето во општествата и племињата кои ги контролирале.Со тоа нивните филозофии и погледи на светот влијаеле врз животот на луѓето и со тоа ги контролирале економските , социјалните и духовните (културните) прилики во општеството. Секоја цивилизација и секое верување имало соодветен простор- време , специфични карактеристики на развој и доминација или делување врз други опшества и простори.Многу од тие цивилизации набргу исчезнале и биле заменети со други системи на верување и поредок. Водени од разни култови и празноверија кои доведувале до често банални ситуации, ние низ ова патешествие низ историјата нема да ја пручуваме и да ги напаѓаме достигнувањето кое тие цивилизации го направиле во научна, уметничка или економска смисла, туку ќе ги проучуваме верувањата кои се провлекувале низ сите тие тогашни , но и сегашни идеи кои преовладувале и со тоа пристапот на целите на човештвото и неговиот стремеж за разбирање на светот во кој што живееме бил поинаков. Многу мислители денес се чудат на сумерското писмо, наука и култура, за митот на Гилгамеш, за архитектура на нивните градови , познавањето од астрономија, календарот и развиеното мореплоство.Сумерите биле заменети со други племиња кои носеле своја култура и традиција и свој поглед на светот. Настапува Вавилон како седиште на култот Мардок, со храмови и светилишта кон него и кој е опишан од нивна страна како најсовршен од сите други родени божества и имајќи четири уши и четири очи,и кој по нивното верување го изградил Вавилон.Што да се каже за паганизмот во Египет кој 32 века пред новата ера се украсил со династии и цареви, за фараоните и за пирамидите, за Гиза , за нивните култови , за Аменемхет, за Ехнатон кој изградил храм за сонцето, за изградбата на скалестата пирамида и за египатскиот календар.Феничаните со своите бродови и храброст откриле многу простори на Медитеранот и основале свои колонии.Кина и Индија со своите цивилизации носат посебен белег , бидејќи имаат континуитет како цивилизации според некои истражители. Барутот, нафтата, компасот, хартијата, свилата , истражувањата, градбата на Кинескиот ѕид и многу други факти говорат за развиеноста на оваа Кинеска цивилизација.Но верувањата се сосема од обична природа и тоа се воглавном верувања во петте природни елементи,верување во змејови, во заштитници на воловите и ловот како и во календарот кој зависно која година е , луѓето влегуваат во година на некое животно.Наспроти тоа индиската цивилизација е исполнета со духовност и го проучува небескиот свод , тука се раѓа будизмот и размислувањата за универзумот.Но паганистичкиот концепт тука се засилува до тие граници да почнува да влијае на сите поголеми религии со тек на времето и да ги менува општествените системи по системот на касти и сталежи.На другата страна се јавува една империја во која цути архитектурата и цивилизацијата, а тоа е Рим. Во Рим се појавува Јудаизмот, а подоцна и Христијанството го превзема приматот на водечка сила во ова општество и со тоа ги презема и многуте учења , па дури и статуите и ликовите на некогашните богови, едноставно беа заменети со светците прогласени од страна на Црквата. Финишот на цивилизациите го прави Исламот и арапската култура и цивилизација е таа која опстанува наредните 1000 години и како водечка сила ги менува дотогашните текови на историјата.Новиот модерен свет по рушењето на последната империја, Османскиот хилафет, ги враќа повторно на сцена старите пагански симболи и ја велича припадноста на племето, односно нацијата.Човекот создава независни држави преку кои го уредува системот на живеење според концепти кои општеството го контролира образованието, воспитанието и насоката на живот на секој човек. Принципот на слобода и зборот демократија е искористен како мисла која потекнува од стара Грција и Рим и со оживување на старите божества и култови се враќа паганизмот и паганската култура повторно на сцена .Човекот преку науката и филозофијата е убеден дека потекнува од мајмун и дека работата го направила човекот.Со тоа ова општествено животно со поголема интелегенција сега стои спремен да се соочи со сите факти кои ќе го изнесат модерните сознанија од луѓето кои го контролираат јавното мнение.Од луѓе кои ги контролираат медиумите и општествените насоки.Дали човекот ќе поверува во овие митологии кои му се сервираат и ќе ја прифати долго припреманата замка?! Тоа останува да видиме. Но кога станува збор за митологии , верувања и празноверија кои например се и ден денес присатни како што е например фамозниот број 13 кој потекнува од Сумерите , доаѓаме до мисла дека верувањата кај таквите луѓе е како верување опишано кај еден пештерски човек кој се плаши од иднината, од тоа што ќе улови за јадење или се плаши од тој што го контролирал громот , кој кај старите грци бил таканаречениот Зевс . Но како што рекол еден старо Грчки филозоф:„ако коњите имаа богови , и тие ќе личеа на коњи.“ Така и луѓето имаа разни верувања во текот на историјата, но една друга идеја ги засени сите други.Тоа е верувањето и сведочењето за Едниот Бог. Една сила која го создала светот кој што постои и се на него. Една сила која е неприкосновена и неизмерно силна и во чиј посед се наоѓа се. Моќ која руши и создава се, Моќ која го контролира сите закони и му дава упаства на човекот и морални начела по кои ќе живее.Таа сила му всадила срам и страв, му всадила природна вера и разум со кој ќе ги разбере природните науки и закони и алати кои човекот ќе ги користи за да го усоврши своето спознание за Создателот. Тоа сознание за својот Господар било затруено со многу неразбирливи работи, сказни и фантастични приказни кои потекнуваат од митологијата и традицијата на секој народ и ваквата природна вера станала неприродна и непрепознатлива. Таа неприродна вера добила свети луѓе кои, баш како во антиката што се божествата, поседувале моќ да им помагаат на живите и да бидат посредници за слабаци и немоќни.Овој начин на размислување го отргнал човекот од својот спас исклучително да го бара спасението и помошта преку Бог и само во него да верува. Најдобар обид за препознавање на природната вера според мене го има дадено еден од најголемите мислители и писатели на сите времиња. Ќе ги цитираме зборовите од писмото кое го пратил Лав Н.Толстој до една жена на генерал со што би го започнале ова наше мало истражување : „Колку и да е свесна верата за овие искривувања на реалноста, толку ги има што и да бидат откри¬ени од оние кои служат на верата, сепак вистина¬та останува некаде во мракот. Токму поради тоа и во старите религии има толку чуда и измислици кои не даваат на вистината да излезе во вистинско светло. Тоа го има во најстарата вера, брахманизмот, малку после неа во хебрејството, па тогаш кај Буда, Конфучие, во таоизмот, па во христијанството и на крај, колку малку, но има, и во оваа последна и најголема вера – исламот. Од ова гледиште исламот е во најповолна ситуација. Кога од исламот би се отфрлило сè она што е туѓо и неприродно, и кога главните духовни доктрини на Мухамедовата вера би се поставиле на своите изворни темели, природно е дека основите на сите големи религии, а особено основите на христијански¬те доктрини кои ја признаваат реалноста, би се нашле на исто.“ Паганизмот во сите вери и верувања во сите облици е едно од најбитните работи на денешото време.Со неговото препознавање и ништење, би се добил нов правец во светката историја.Би било одговорено најбитното прашање на секој човек, а тоа е зошто живееме и кон каде се движи оваа наша цивилизација. Но најпрвин да го дефинираме паганизмот. Што е тоа паганизам и како се дели.
Comments