Непобитно е дека крајната цел на секој муслиман е Џеннет. Како и сè што неможеме да видиме со очите, Џеннетот е возможно да се замисли само низ аналогија, затоа што неговата реалност е далеку од она што ние можеме да го опишеме со зборови.
Аллах, субханеху ве те’ала, ѝм подготвил на Своите верници нешто „што очите неможат да го видат, ушите неможат да го слушнат, што срцето неможе да почувствува“ (Бухари, Муслим и други).
Овој Вечен Дом не е ограничен само на она што е овде опишано како материјално и духовно уживање, затоа што вклучува и „сè што душата посакала“, и на крајот, она што е највеличествено и најдрагоцено уживање во споредба со сите останати – присаството во близина на Господарот на Световите – Аллах.
Кои се наследниците на ваквите благослови? Кои се тие души, достојни за вакви награди?
Распространето е мислењето меѓу муслиманите дека секој кој ќе посведочи „нема друго божество освен Аллах“ и „Мухаммед е Негов Роб и Пратеник“ ќе влезе во Џеннет. Но сепак, ова сведочење е повеќе отколку празна изјава со јазикот.
Тоа е заклетва, обврска која мора да се исполни. Таа има свои барања и услови кои се протегаат низ сите животни аспекти. Станува збор за авторитетот кој управува со нашето однесување и делата.
Арапите Курејши одбиле да го изговорат ова сведочење, затоа што во целост го знаеле неговото имплементирање. Иако тоа муслиманите денес секогаш го повторуваат, механички, без размислувања, нивните дела и начин на живот сведочат нешто сосема друго. И потоа очекуваат Џеннет!
Аллах, субханеху ве те’ала, во Благородниот Куран Опоменува на самобендисаност во верата, својство на евреите и христијаните, кои погрешно тврдат дека Бог ги издвојува и преферира над останатите, па дека Џеннетот е загарантиран само за нив:
„Тоа нема да биде ни според вашите желби ниту според желбите на следбениците на Книгата; тој што ќе прави зло ќе биде казнет за тоа и нема да најде, освен Аллах, ни заштитник ни помошник;“
(Ен Ниса, 123 ајет)
Сепак, многу муслимани на денешницата се сметаат себеси за „избран народ“, занемарувајќи ги Наредбите на својот Господар, вртејќи грб на Пратениковиот, саллаллаху алејхи ве селлем, суннет (начин на живот), и инсистирање на секуларен живот далеку од благодетите на Аллаховиот Закон, некогаш одејќи толку далеку што ги негираат поедини аспекти од тој закон.
Обичаите, традицијата, материјализмот, социјалните системи кои ги креирал човекот, националните лидери, и сопствената склоност, денес го делат првото место со Оној на Кој Му припаѓа цела власт, нашиот Создател, Владетелот на Судниот Ден!
Џеннетот како награда е премногу вреден, и не би имал своја цена. Неговата цена е вистинската вера која се отчитува со послушност према Аллах, субханеху ве те’ала, и со следење на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем.
Благородниот Куран наведува: „А тој што го сака оној свет и се труди да го заслужи, а верник е, трудот на таквите ценет ќе им биде.“ [Ел Исра, 19 ајет]
Мораме да се вратиме кон Благородниот Куран, но не само во емотивна или академска смисла, туку со чувствување за послушност и делување. Мораме да откриеме какви луѓе Аллах, субханеху ве те’ала, Сака од нас, и да станеме такви. Тоа навистина е патот за Џеннет!
ИсламБосна
Comments