Убавиот збор кога ќе се чуе разведрува и дава оптимизам (надеж). Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Ми се допаѓа оптимизмот.“
Ет Тијере-песимисмот е лошо мислење за Аллах, субханеху уе те’ала, и припишување на Нему својствени работи на некој друг, поврзување на срцето со нешто што е создадено што не користи ниту може да наштети.
Ел Фе’л – оптимизмот е убаво мислење за Аллах кое не го одвраќа човека од неговите потреби. Ова денеска е докажано и од медицински аспект. Песимистички расположените лица се изложени на поголем ризик да бидат погодени од срцеви проблеми отколку оптимистите. Тоа го покажува една студија презентирана на собранието на Сојузот на лекарите на Шведска.
Во Исламот песимизмот се осудува и не му се дава простор. Во секоја ситуација, па дури и во онаа најтрагичната како што е смрт се бара начин да се прибегне кон позитивен оптимизам.
Аналогно на тоа, реалноста ја потврдува исламското закондавство, а тоа е дека победата и припаѓа на верата. Оттаму, не постои место за безнадежност и песимизам. Треба да се работи и секој поединец да даде максимум од себе, а потоа да се потпрат на Оној, кој е Семоќен. Кој вели дека е оптимист, а се повлекува од делата и работата, тој е неспособен, а никако оптимист. Во едно предание се пренесува: „Паметен е оној кој е самокритичен кон својата душа и работи дела кои ќе му користат по неговата смрт, а незналица е оној кој следи нагоните на неговата душа, и се надева на помошта од Аллах.“ Позитивниот оптимизам го охрабрува човекот да работи и да го отстранува од душата својот очај. Тоа го предводи човекот во работа и труд. Кој во ова истрајува не знае за песимизам. Таквиот и здраствено и психолошки може да ги совлада сите тешкоти.
ความคิดเห็น