top of page
Writer's pictureinfoislam

Песимистите се почувствителни на срцев удар


Тоа го покажува една студија презентирана на собранието на Сојузот на лекарите на Шведска, јави Шведската телевизија СВТ.

Пред десет години биле направени испитувања на 400 здрави мажи на 58-годишна возраст, кои исто така биле интервјуирани околу нивното ментално здравје.

Околу 10 отсто од мажите добиле мозочен удар или срцев инфаркт, а меѓу нив мнозинството биле тие што се чувствувале најлошо во почетната фаза на споменатата студија.

Според професор Бенгт Бергстром, таквиот развој во најголем обем се објаснува со штетното влијание на стресните хормони.

Во Исламот песимизмот се осудува и не му се дава простор да види светло.Во секоја ситуација , па дури и во онаа најтрагичната како што е смрт се бара начин да се прибегне кон позитивен оптимизам. Пратеникот, с.а.в.с., е најголем учител на умметот во оптимизмот и довербата во Аллаховото ветување. Мајката на верниците Aјша, радијаллаху анха, вели:

„Го прашав Пратеникот дали си имал потежок ден во животот на денот Ухуд?”, тој рекол: “Јас сум преживеал сè, од својот народ, но најтешко ми беше на денот на Акаба кога побарав помош од Абдула Ибн Келала и не одговори, не ми помогна. Продолжив да одам понатаму додека не дојдов на местото што се вика Карну-с-Сеалиб. Јас кренав главата и видов како облак со средна големина ме покрива. Повторно погледнав нагоре и го видов Џибрил на него. Тој ме повика и рече: “Твојот Господар ги слушна зборовите на твојот народ, и нивниот одговор. Затоа Ти го испрати мелекот на планината да му наредиш она што го сакаш. ’Потоа ме повика мелекот на планината ме поселами и рече: “О Мухаммеде, нареди што сакаш. Ако сакаш овие, две планини ќе ги превртам. ’ Пратеникот, с.а.в.с., рече:” Не, јас се надевам дека Аллах од нивните кичми ќе извади потомство, кои ќе го обожуваат Аллах единствениот, и нема здруженик да му препишуваат. “

Аналогно на тоа реалноста ја потврдува исламското закондавство: Победата и припаѓа на верата. Оттаму, не постои место за безнадежност и песимизам. Треба да се работи и секој поединец да даде максимум од себе, а потоа да се потпрат на Оној, кој е Семоќен.

Кој вели дека е оптимист, а се повлекува од делата и работата, тој е неспособен, а никако оптимист.

Во Хадис се пренесува: „Паметен е оној кој е самокритичен кон својата душа и работи дела кои ќе му користат по неговата смрт, а незнајко е оној кој следи нагоните на неговата душа, и се надева на помошта од Аллах. “

Позитивниот оптимизам го охрабрува човекот да работи и да го отстранува од душата својот очај. Со еден збор го предводи човекот во работа и труд. Кој во ова истрајува не знае за песимизам.

Таквиот и здраствено и психолошки може да ги совлада сите тешкоти.

Го молам Аллах, мене и вас да нè снабди со позитивен оптимизам кој создава дела кои ќе нè отстранат од нашето безделие и слабост.

0 views0 comments

Commentaires


bottom of page