top of page
Writer's pictureinfoislam

Пири Рејс- најголемиот светски и муслимански картограф

Нашите животи се исполнети со упатства од секаков вид, вклучувајќи ги и оние како да се напише овој напис. Упатствата се општо, многу корисни. Денес животите и насоките за патување се посложени, па потребно ни е многу повеќе помош. За да дојдеме до одредено место пожелни би биле пишани упатства и соодветна карта, што го надополнува едното со другото. Денес меѓу најчестите се они визуелни упатства, кои ги предупредуваат возачите на дозволената брзина, облик на знаци поставени покрај автопатот. Таквите знаци  ни говорат колку брзо или полека да возиме, од која страна на улицата, и како да стигнеме на посакуваното одредиште. Поради брзината на движењето на копно, можно е да прашаме некого или дури и да го запреме возилото во потрага  за посакуваниот правец. Од друга страна, на отворено море, многу е потешко да се видат патоказите, дури и при споро едрење или потполно мирување. На море е потребно нешто друго. Развојот на помошните средства при навигација на море траело многу долго време и сеуште трае, со развојот на новите технологии, како што е Global Positioning System (GPS)-„Глобален систем за позиционирање“.

До околу 1300-та година и почетокот на ренесансата, капетаните на бродовите на големо се потпирале на сеќавање, или на евентуални лични забелешки, тренирале разни вештини како да стигнат до некое одредиште.

Почнувајќи од тоа време, знаењата кои се акумулирале собирани се во “портолана“. Портоланите представувале основни упатства како да се помине од едно до друго пристаниште. Исто така, од ова време потекнува нов стил на карти кои се темелел на користењето на компас. Картата морала да го следи портоланот, иако не визуелно, па заедно представувале “портолан на картата“. Ваквите карти биле се подетални и попрецизни, како додатните информации  биле доставувани. Мапите доста се унапредиле за време  на развојот на печатарството, па поправките биле полесно усвојувани, изоставајќи ги предходните грешки.

Во 1584 година Лукас Јансзоoн Вагхенаер го објавил Die Spieghel der Zeevaeri во Холандија. Делото вклучува не само детални упатства, туку и многу мапи на крајбрежните подрачја. Оваа книга е сметана за прва која содржела како карти така и упатства за пловидба. Наскоро била достапна и на многу други јазици.

Книгата била многу популарна, често повторно печатена, па се користела многу време. Повеќе од 500 години пред Вагхенаер, 1520 година, уште еден стручњак ја направил истата работа, ако не и на подетален начин. Тоа е книга во однос на која треба да се додаде уште еден лист на ловоровиот венец на славата на веќе познатиот Османски картограф – Пири Реис.

Пири станал славен по своите две карти на светот и по неговиот портолан – „Kitab-i-Bahriye“. Меѓутоа постои, посебна иновација во рамките на ова дело „Kitab-i Bahriye“, чија креативност се уште никој доволно не ја осветлил. Овие крајбрежни карти од големи размери го илустрирал она што тој го објаснува во својот текст, па затоа даваат додатни податоци. Овие два елемента одат заедно. Вагхенаер со својата работа може повеќе го осветлил крајбрежниот профил, но ниеден картограф пред Пири до таа мера не ги  развил  и представил овие два елемента така поврзано – текстот и пратечките неоходни карти.

Во другата верзија од 1526 во неговото големо дело „Kitab-i Bahriye“ (книга за Поморските прашања), имало повеќе од двеста карти со големи размери. За да го привлече вниманието на султанот Сулејман Величенствениот (кој владеел од 1520-1566.), Пири ги разубавил картите и тие посебно поради тие причини изгледале прекрасно. Она што за нас денес е уште поважно од тоа, дека  тие исклучувале информации за некои историски и лични случки. Главна цел на книгата, меѓутоа, бил големиот број на опишани насоки за пловидба околу Егејското, Јадранското и Средоземното море.

Текстот бил особено практичен и длабоко вкоренет во стварноста. Важните детали се посебно нагласувани. Во текот на предходните две столетија, картите и портолан мапите се правени со цел да ја олеснуваат навигацијата на отвореното море на Медитеранот, Егејското и Црното море, дури и за навигација низ источниот брег на Атлантикот. Повеќето морнари, меѓутоа продолжиле да ги употребуваат посигурните, вдолж  брегот и околу островите. Пири Реис со својата работа сакал да помогне и во комерцијални и во воени потреби.

Во „Kitab-i Bahriye“ нема објаснувања како да се плови на отвореното Средоземно море ниту од остров до остров, како што нема ни упатства за пловидба по Црното Море, кои не ги познавал. Сакал да им помогне на морнарите при кратки релации на Медитеранското и Егејското море, околу еден остров или при пловидба од неколку милји вдолж обалата и при совладување на тешкотиите поради ветровите, морските струи, одредување на длабочината, климата и пронаоѓање на питка вода и др. Како што објаснил во воведот на својот труд, мапите од големите подрачја (постолан мапи) не можат да дадат детали кои се неопходни при патување во близина на брегот. Само низ опсежниот текст, со додатни информации за деталите од мапите, претходното станува можно.

Најголем напор вложил, со иновацијата, во помош на морнарите, со директно поврзување на картите и текстот кој се однесува на тој дел. Во сегашно време, кога имаме разни убаво изработени карти, треба да се знае дека за  нивното разбирање на големо помогнала работата и трудот на Пири Реис, она што претходно никој не го направил.

Пири Реис бил несекојдневен картограф со исклучителни способности. Тој ги обединил двата картографски модели, креирајќи нов модел кој бил поефективен. Може да се каже дека ја отворил Османската школа за картографија, иако никој до таа мера не го следел неговиот пат. Неговите светски мапи “закопани“ се на дворот, а портоланот креиран за морнари, иако размножен во повеќе примероци (од страна на адмиралот Гилберт и Сулливан), никогаш не отишол до морето.

Неговите трудови не биле исправувани, дури ни со подоцнежните нови сознанија, како текстот така ни картите. Оваа “непроменливост“ на османските карти има огромна вредност, чие значење на ова место нема понатаму да го истражуваме. Генерално, историчарите не функционираат добро во недостаток на докази. Една од причините за овој недостаток е тој што Пири Реис, кога картографијата е во прашање која е до крај вестернизирана, неговите карти се премногу различни од картографијата од остатокот на Османскиот и исламскиот Свет, па поради тоа се тешко сфатливи.

Западните картографи, од друга страна, никогаш не го виделе неговото дело и не се запознале со неговиот иновативен спој на текст со мапа. Дури сега, во 21 век, речиси пет стотини години по Пири Рејсовите ремек дела, можеме да го констатираме неговиот величествен новитет. Со спојувањето на текстот и картата во едно, се обидел да им помогне на морнарите со сигурни патишта до посакуваната дестинација, со усовршувањето на мапите на поморските насоки. Османлијата Пири Рејс е навистина, големо име во историјата на картографијата.

Превод на оригиналниот текст под наслов:  Geography Maps

Better Directions at Sea: The Piri Reis Innovation

Овој краток напис е преземен од поопширниот текст на Prof. Thomas D. Goodrich.

Акос.ба

0 views0 comments

Comments


bottom of page