top of page
Writer's pictureinfoislam

Писмо за депресивната сестра

Сакам да поразговарам со тебе. Сакам заедно да седнеме и да те сослушам. Слушајќи те можеби би пуштила и солзи, и ти во таа тишина би почуствувала дека те разбирам. Разбирам дека кај тебе не е се како што треба. Би знаела дека не си добро, иако во друштво на сестрите се смееш и веселиш. Знам дека радо би сакала да бидеш некаде на друго место иако во твоето око има сјај, знам дека тоа е само солза која не сака да се искраде од срцето.

Да, ти си навикнала да премолчуваш и да ги криеш своите маки. И така живееш веќе долго, па веќе и не го забележуваш тоа. Сакам да те земам за рака и да ти кажам дека се ќе биде во ред. Сакам да ти кажам дека ќе издржиш, со Божјата помош. И сакам да ти кажам дека знам…Знам како е кога ќе се навратиш на твојот живот, кога ќе погледнеш назад и кога ке помислиш, како си можела да паднеш толку ниско. Знам како е кога ќе изгубиш волја за понатаму. Кога ке изгубиш волја за сите оние работи кои некогаш те усреќувале. Па веќе и не ти е битно ни до самата себе. Губиш волја дури и да сториш дова за себе и сметаш дека не заслужуваш ништо друго освен болка.

Но некаде во тебе и понатаму гори желба некој да се грижи за тебе. Некој да ти ги види твоите тажни очи и спуштени раменици и да те праша како си…и да можеш без двоумење да кажеш што те мачи. Да можеш да кажеш како ти е потребна помош. Знам да ти е премногу срам да кажеш се. Можеби нема да признаеш како го отфрлаш намазот(молитвата). Можеби нема да признаеш како понекогаш нешто неубаво помислуваш за својата судбина. Ти мислиш дека си ти единствена која е таква и мислиш дека никој нема да те разбере. Но јас те разбирам.

Не заборавај,Алаховата помош е блиску…

Драга сестро,размисли за следниве реченици од Аллах аззе ве џелле: “Зарем мислите дека ќе влезете во џеннетот, а сè уште не сте го искусиле тоа што го искусија тие што пред вас беа и исчезнаа? Нив сиромаштија и болест ги снаоѓаше, и толку беа вознемирувани што и Пратеникот и тие што со него веруваа, велеа: „Кога веќе ќе дојде Аллаховата помош?!“ Ете, Аллаховата помош е навистина блиску! (Куран, Ел Бекаре/ 214)

Нека твојата душа,драга сестро најде утеха во последниот дел од овој ајет: “Аллаховата помош е навистина блиску!

Разбирам дека ти не се чуствуваш така баш секогаш. Се прашуваш каде исчезнала сласта на твојот иман. Знај дека тој е сеуште во твоето срце.Тука е, па и кога чиниш дова за некој близок, Тука е иако веќе не учиш Куран како некогаш, но даваш садака на некој на кој што му е потребна, знаејќи дека Аллах со тоа би бил задоволен. И сеуште се бориш, па и кога си кажуваш на себе дека треба да клањаш намаз, пред да му помине времето.

Знај дека иманот расте и паѓа. И тоа е во ред. Тоа е нормално. И тоа не значи дека веднаш треба да кренеш раце. Тоа само значи дека треба да се трудиш и да се поправаш. Ако не си во состојба да седнеш и проучиш 5 страници од Куранот, проучи барем неколку ајети. Ако не барем само една дова. И немој да се откажуваш И сети се на зборовите на Возвишениот: „А тој што ќе ја сврти главата од Мојата книга,тој тежок живот ќе живее и на Судниот ден слеп ќе го оживееме.“ Куран, Та – Ха , 124.

Навистина со тешкотијата е и олеснувањето…

Знам дека си уморна…уморна од тоа да бидеш тажна и депресивна.И јас понекогаш сум таква. Знам како е кога ке исплачеш толку солзи и ти се чини дека ги немаш повеќе,немаш повеќе никакви чуства во себе. Но тогаш ќе слушнеш нешто,или ќе видиш или прочиташ,и ќе те допре тоа и солзите повторно потекуваат. И се чуствуваш благодарна затоа што и понатаму – чуствуваш.

Знам дека само сакаш повторно да бидеш среќна и да ја почуствуваш сласта на верата. Знам дека ти и сама знаеш што би требала да правиш, но не можеш да се натераш себеси. И знам дека ти е потребен некој кој разбира.

Вистина е дека животот знае понекогаш да биде навистина тежок. Но тоа не значи дека се е загубено. Ти не си изгубен случај. И ти не си сама. Ослободи се од таа болка која те мачи. Поразговарај со некој на кого му веруваш. Дозволи им на твоите блиски да ти помогнат. И немој да кренеш раце од се. Опкружи се со верници и секој ден зборувајте и проучувајте ја верата.

Но немој себе самата да се спречуваш од враќање кон Аллах.

Следен пат кога ќе те погоди грижа и немар, застани и сети се дека Аллах е тука. Аллах те чека. Аллах те чека на Него да Му се обратиш и да го замолиш за помош….да го замолиш за прошка,милост и упатство. Твое е само да побараш.

Превземено од Себил.еу

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page